Муцунски paзpeши директор кој беше пpиjaвуван за ceксyaлно вoзнeмиpyвање
Во текот на вчерашниот ден новиот градоначалник на Аеродром, Тимчо Муцунски ја информираше јавноста за својата одлука за разрешување на директорот на ОУ „Лазо Ангеловски“ по добиениот предлог од училишниот одбор да му го продолжи мандатот на директорот Перо Арсеновски.
Инаку претходно името на Арсеновски се поврзуваше со пријави за сексуално вознемирување и тортура врз вработените жени во училиштето.
„За актуелниот директор во заминување во изминатите години имаше огромен број поплаки, како од родители на ученици, така и од наставниот кадар на училиштето. Состојбите во училиштето беа повод и за сериозна грижа на општата јавност. За оваа моја одлука го информирав и Министерството за образование и наука и доколку тие не одлучат да ја преиначат мојата одлука, во најбрз рок во училиштето ќе именуваме в.д. Директор од редот на вработените. Во иднина нема да дозволам несоодветни кадри да бидат поставувани на високи позиции, особено кога станува збор за образовни институции“, пишува Муцунски.
„Ветувам дека ќе ја вратиме позитивната слика и довербата во сето она што е под наша надлежност и повеќе нема да има случувања кои предизвикуваат штета на образовниот процес, а со самото тоа и на нашите најмили. Нема да поддржам и назначам лице, кое со своето однесување ќе предизвика бурни реакции во јавноста, а и ќе нанесе непоправлива штета на училиштето во кое со децении наназад работат врвни професионалци. Јас како градоначалник заедно со општинските служби ги преземавме сите неопходни мерки за што побрзо решавање на овој случај и го повикавме Државниот просветен инспекторат најитно да постапи во делот на разрешувањето, за што побрзо да можеме низ транспарентен и отворен процес да се избере нов директор. Учениците се нашата иднина и најголемо богатство! Ние возрасните сме тие што мора да ги заштитиме и да се грижиме за безбедно образование на нашите деца!“, додава тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Муцунски ќе одлучува дали членовите на Антикорупциска…
Членовите на Државната комисија за спречување корупција…
(Фото) Левица прашува дали директорката на „Лазо…
ДАЛИ ДИРЕКТОРКАТА НА ООУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ ВРШИ…
Муцунски: Кадровски промени во ВМРО-ДПМНЕ се симбол…
Овие кадровски промени кои што вчера се…
ВМРО ќе има нови двајца потпретседатели –…
Градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски и поранешната…
Муцунски: Иако ветив четири градинки до крајот…
„Аеродром е најмлада општина во Македонија, има…