Му се јавив на Мицкоски, договоривме средба наскоро, најави Ковачевски
Нормално е, смета премиерот, двете најголеми партии да комуницираат бидејќи имаме предизвици како што се пандемијата, енергетската и здравствената криза, но и евроинтеграцискиот процес.
Премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски информираше дека утрово се слушнал со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и дека договориле средба која треба да се случи наскоро.
„Утрово му се јавив на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и се договоривме наредниот период, многу скоро, да организираме средба. Таа средба можеше да се случи и порано, но заради зафатената агенда во Владата, како и заради тоа што двајцата секретари на СДСМ беа во изолација поради инфекција со вирусот, денеска почнавме со организација на таа средба и таа ќе се случи наскоро“, – изјави Ковачевски во интервју за националниот сервис МРТ1.
Тој смета дека е природно и нормално двете партии – најголемата на власт и во опозиција, да комуницираат меѓу себе бидејќи, како што рече, пред нас имаме многу предизвици кои се поврзани со справувањето со здравствената пандемија, со енергетската и топлинската криза во државата, како и со евроинтеграцискиот процес. Евроинтегративниот процес, рече тој, не го гледа само низ разговори со Бугарија, туку и како еден цел концепт на реформи во македонското општество, вклучително и реформи во правосудството, реформи во борбата против корупцијата и криминалот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
СДСМ: Гаши да одговора!
Откако не успеаја да го скријат скандалот…
СДСМ: И во наше време Османи сакаше…
Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…
СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…
„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…
Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…
Во Радуша никнува нов парк, но не…