Објавено на:

Му текнало да се прошета: Од Кремљ велат посетата на Путин на Мариупол не била планирана

t

Рускиот претседател Владимир Путин во последен момент одлучи да замине во Мариупол, украинскиот град уништен со бомбардирање, соопшти денес Кремљ, додека украинските власти ја осудија посетата на рускиот лидер кого го нарекоа „меѓународен злосторник“.

„Сето тоа беше многу спонтано“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој додаде дека не била планирана ниту обиколка на градот, ниту посета на локалниот музички театар, ниту средба со жителите на овој пристаништен град.

Властите на Мариупол ја осудија посетата на рускиот претседател.

„Меѓународниот злосторник Путин ноќеска го посети окупираниот град Мариупол, веројатно за да не го види градот убиен од неговото ’ослободување‘ во текот на денот“, соопштија градските власти на Телеграм.

Ова е прво патување на рускиот претседател во украинскиот град, кој со месеци беше под опсада и заземен од руските сили во мај 2022 година.

Како што беше најавено претходно утринава од Кремљ, Путин со хеликоптер отпатува за Мариупол и го обиколи градот со автомобил, кој сам го возел.

Путин разговарал со жителите на Мариупол и му беше презентиран извештај за работите на обновата на овој уништен пристаништен град на Азовското Море.

Тој вчера беше во ненадејна посета на Крим по повод 9-годишнината од анексијата на полуостровот, кој Русија го анектираше во 2014 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…

Белата куќа соопшти дека САД и Русија…

Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…

Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…

Зеленски: Во Белата куќа го бранев достоинството…

Претседателот Володимир Зеленски денеска изјави дека го…

Стив Виткоф: Зеленски прифати да се одржат…

Специјалниот пратеник на САД за руско-украинскиот конфликт,…

При напад на руски дрон врз Киев,…

Во напад со беспилотно летало на руските…