Му текнало да се прошета: Од Кремљ велат посетата на Путин на Мариупол не била планирана
Рускиот претседател Владимир Путин во последен момент одлучи да замине во Мариупол, украинскиот град уништен со бомбардирање, соопшти денес Кремљ, додека украинските власти ја осудија посетата на рускиот лидер кого го нарекоа „меѓународен злосторник“.
„Сето тоа беше многу спонтано“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој додаде дека не била планирана ниту обиколка на градот, ниту посета на локалниот музички театар, ниту средба со жителите на овој пристаништен град.
Властите на Мариупол ја осудија посетата на рускиот претседател.
„Меѓународниот злосторник Путин ноќеска го посети окупираниот град Мариупол, веројатно за да не го види градот убиен од неговото ’ослободување‘ во текот на денот“, соопштија градските власти на Телеграм.
Ова е прво патување на рускиот претседател во украинскиот град, кој со месеци беше под опсада и заземен од руските сили во мај 2022 година.
Како што беше најавено претходно утринава од Кремљ, Путин со хеликоптер отпатува за Мариупол и го обиколи градот со автомобил, кој сам го возел.
Путин разговарал со жителите на Мариупол и му беше презентиран извештај за работите на обновата на овој уништен пристаништен град на Азовското Море.
Тој вчера беше во ненадејна посета на Крим по повод 9-годишнината од анексијата на полуостровот, кој Русија го анектираше во 2014 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…