Наведната глава сабја не ја сече: Ковачевски порачува да останеме мирни и разумни, да не избегаме од европскиот пат

t

Јасно е дека има тензии и многу прашања кои се легитимни. Насилство од било каков тип не оправдувам и секогаш го осудувам и ќе го осудувам, исто како што ќе ја осудам и ќе се спротивставам на секоја провокација која доаѓа од внатре или од надвор, а која што ги повредува чувствата на Македонците и буди немир меѓу нашите граѓани. За мене такви провокации не се дозволиви, рече премиерот Димитар Ковачевски за последните превирања во односите меѓу Скопје и Софија.

Тој ја поздрави брзата реакција на институциите во врска со инцидентот во Охрид и што МВР успеа веднаш да ги пронајде напаѓачите на Христијан Пендиков.

-Верувам дека брзо ќе биде расчистен случајот и ќе постапува Основното јавно обвинителство. Мораме да останеме мирни и разумни, но не треба да бидеме наивни. Ова е класична дистракција на еден перфиден начин како да се одвлече вниманието од нашата европска иднина. Сето ова што се случува затоа што има импликации затоа што не е натпревар кога играат Пелистер и Вардар или меѓусебе МЗТ и Работнички. Ова е нашата иднина за која денес зборуваме. Јас летово не преговарав во Брисел со 27 земји-членки со едно горко чувство какво што го делеа и нашите сограѓани, особено Македонците во однос на целиот јавен наратив и целата хистерија преку провокации и кога заедно со моите колеги носев одлука за европската иднина на нашата држава, за да сега стоиме тука и гледаме како безмилосно насилство влијае врз сето она што е сработено и кое што се случува. Ова практично ја киднапира нашата иднина. Нема да дозволам да се одвоиме од европскиот пат на државата, рече Ковачевски како одговор на новинарско прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…

Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…