Над 1.000 нови случаи на мајмунски сипаници во Конго
Официјални лица во Конго денеска соопштија дека изминатите седум дена се регистрирани повеќе од 1.000 нови случаи на мајмунски сипаници, а многу африкански земји очајнички бараат вакцини за да се изборат со растечката закана на заразата на континентот.
Мајмунските сипаници припаѓаат на истата фамилија на вируси како и сипаниците, но предизвикуваат поблаги симптоми како треска и болки во телото и најчесто се пренесуваат преку близок контакт, вклучително и сексуален однос. Луѓето со потешки случаи може да развијат лезии на лицето, рацете, градите и гениталиите.
Мајмунски сипаници е забележана во 12 од 54 африкански земји, најмногу во Конго. Од вкупно 18.910 случаи годинава, 94 отсто или 17.794 се во Конго, соопшти Африканскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).
Бројките се веројатно потценети, бидејќи само еден од пет сомнителни случаи во Конго е тестиран за мајмунска сипаница. Генералниот директор на Африканскиот центар за контрола на болести, д-р Жан Касеја, рече дека многу погодени африкански земји имаат ограничени способности за тестирање и надзор.
Во текот на изминатите седум дена, Конго забележа 1.030 од 1.405 нови случаи низ Африка, според статистичките податоци објавени синоќа од Африканскиот центар за контрола и превенција на болести. Иако Конго е земја која предизвикува најголема загриженост, бројот на случаи во блискиот Бурунди е повеќе од двојно зголемен, 572 за само една недела.
Зголемените случаи на мајмунски сипаници во Африка и новата форма на вирусот идентификувана во Конго, која полесно се пренесува, ја поттикна СЗО да го прогласи за глобална здравствена вонредна состојба минатата недела.
Некои се надеваат дека тоа ќе ги охрабри донаторите да обезбедат вакцини и друга помош за спречување на појавата во Африка пред случаите да се шират низ светот, бидејќи Шведска веќе регистрира случај со нова варијанта на сипаници првпат регистрирана во источно Конго.
Африканскиот центар за контрола и превенција на болести соопшти дека организацијата добила ветување за 215.000 вакцини од Европската унија и производителот „Бавариан Нордик“, кои треба да пристигнат во следните неколку дена. Американската агенција за помош соопшти дека донирала уште 50.000 дози од истата вакцина во Конго. Јапонија исто така донираше вакцини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Казахстан: 29 преживеани и многу отворени прашања
По уривањето на патнички авион во Казахстан…
СДСМ: ДКСК да ја повлече скандалозната одлука…
СДСМ бара повлекување на скандалозна одлуката на…
Нови студентски блокади во Носи Сад: Дел…
Студентите од Нови Сад денеска организираат протест…
Во тек е апсење на Ненад Нешиќ,…
Акцијата за апсење на министерот за безбедност…
Кина ја гради најголемата хидроцентрала во светот…
Кина ја одобри изградбата на најголемата хидроцентрала…