Над 150 професори од Словенија ги поддржаа српските студенти

t

Околу 150 членови на словенечката академска заедница преку отворено писмо ја изразија својата поддршка за протестите на српските студенти, ученици, наставници и универзитетски професори, јави „Дело“.

Во писмото, словенечките професори нагласуваат дека со големо внимание ја следат „нивната храбра, достојна за восхит и инспиративна борба“ и ги поддржуваат барањата на демонстрантите за властите да преземат одговорност за уривањето на покривната конструкција на железничката станица во Нови Сад, реконструирана со јавни средства, при што загинаа 15 луѓе, меѓу кои и деца.

Трагичната несреќа која се случи на 1 ноември поттикна бран од студентски протести кои и натаму траат. Демонстрантите, во кои се приклучија и голем број граѓани, земјоделци и наставници во српските училишта, ја обвинуваат владата за корупција и непотизам, кои, според нив, довеле до лошо изведената реконструкција на железничката станица во Нови Сад, за која била преплатена кинеска .

Бетонската конструкција беше дел од објект што во последните години двапати беше реновиран во рамки на инфраструктурен проект со кинески компании.

„Цврсто ве поддржуваме во вашата ненасилна и упорна борба, водена од студентите, кои секојдневно покажуваат дека младоста често поседува повеќе мудрост отколку староста кога станува збор за борбата за вистина, правда и подобра иднина“, се вели во писмото.

Академиците изразуваат поддршка и за професорите и наставниците кои застанаа зад студентите и учениците, нагласувајќи дека ја ценат нивната решителност за враќање на владеењето на правото во Србија, која, како што велат, се наоѓа во сериозна уставна, политичка и безбедносна криза.

Тие ги осудија реакциите на српската влада и го поздравија одбивањето на Универзитетот во Белград да учествува во предложениот дијалог со претседателот на Србија, подвлекувајќи дека сите идни одлуки треба да бидат донесени во координација со студентскиот пленум.

„Веруваме во можноста за промените за кои се борите со целото срце и сме со вас“, посочија припадниците на словенечката академнска заедница. ссм/фото: архива .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Словенија стравува од поплави и одрони по…

Во Словенија денеска паѓа пороен дожд, поради…

Дете удри во дрво и загина на…

Дете трагично го загуби животот денеска на…

Словенечките војници „извојуваа“ да им се плаќа…

По неколкугодишни напори, вработените во словенечката армија…

Над 150 професори од Словенија ги поддржаа…

Околу 150 членови на словенечката академска заедница…

Словенија: Усвоен закон со кој на лекарите…

Словенечкиот Парламент денеска ги усвои измените на…