Над 2.000 лица заболени од грип за една недела
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) регистрираше 2.062 случаи на заболувања слични на грип во текот на третата недела од 2026 година. Иако ова е благ пад од 11% во однос на претходната недела, бројките се за 46% повисоки споредено со истиот период минатата година.
Вирусот е најактивен кај децата и работно способното население:
Највисока инциденца е регистрирана е кај најмалите – децата на возраст до 4 години, додека пак најбројна група се лицата од 15 до 64 години (1.274 случаи).
Кај ризичните групи односно лицата над 65 години забележани се 266 случаи.
Заболените лица се пријавени од 29 ЦЈЗ/ПЕ: Скопје – 556, Тетово – 146, Охрид – 142, Битола – 139, Куманово – 137, Прилеп – 115, Штип – 110, Кавадарци – 102, Велес – 96, Струмица – 85, Дебар – 75, Свети Николе – 59, Гостивар – 52, Радовиш – 33, Неготино – 30, а во Гевгелија, Виница, Струга , Ресен, Кичево, Крушево, Кратово, Македонски Брод, Пробиштип, Делчево, Крива Паланка, Кочани, Демир Хисар и Берово, бројот на заболени е помал од 30, покажуваат податоците на ИЈЗ.
Активноста на вирусот варира низ градовите, при што во неколку места е прогласена многу висока активност:
Во четири ЦЈЗ/ПЕ – Дебар, Охрид, Свети Николе и Кавадарци се бележи многу висока активност, во три – Кратово, Штип и Виница – висока активност, средна активност се регистрира во 11 ЦЈЗ/ПЕ, во девет се бележи сезонска активност, додека во две единици се бележи многу ниска активност на вирусот на грип.
Од почетокот на сезоната 2025/2026, вкупниот број на заболени достигна 8.209 лица, што е двојно повеќе од лани. Досега се регистрирани три смртни случаи поврзани со компликации од грип.
ИЈЗ апелира на вакцинација како најефикасна заштита, особено за ризичните групи. Досега во државата се вакцинирале вкупно 79.078 граѓани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Над 2.000 лица заболени од грип за…
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) регистрираше 2.062…
Нема продолжување на зимскиот распуст
Од 5 до 11 јануари регистрирани се…
Жител на Романовце со „ауди“ удрил полицаец,…
На 14.01.2026 во 23:30 часот во с.Романовце, кумановско,…
Тетовец платил 2.000 евра за лажни документи…
На 13.01.2026 во 11:20 часот во СВР…
Грипот во Македонија ја зеде првата жртва…
На Инфективната клиника во Скопје почина 75…