Над 330.000 ДЕНАРИ чинело патувањето на Тошковски во Вашингтон – За разлика од Гаши патувал сам

t

Шетајте луѓе, ич „да не ви чуе“, народ плаќа! – втор дел

Продолжуваме со серијалот на текстови за тоа колку сите ние плаќаме за патувањата на функционерите на настани надвор од државата. Денес објавуваме ексклузивни информации за тоа колку чинело патувањето на министерот Тошковски во Вашингтон.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, за патувањето во Вашингтон потрошил вкупно 333.225 денари, а на самитот, за разлика од собраниската делегација, патувал сам покажуваат податоците о кои дојде Инфомакс.

Најскап од целото патување е авионскиот билет на министерот кој чини 264.725 денари, додека останатите трошоци изнесуваат 1216.18 американски долари односно околу 68.500 денари.

Како што можете да видите во продолжение, за дневници биле исплатени 28.495 денари или 502 американски долари, односно за осум и пол денови колку што патувал министерот, секој ден добивал по 59 долари дневница.

Сместувањето на Тошковски во Вашингтон чини 678 долари или нешто повеќе од 38.000 денари.

Кафе-паузата на министерот чинела 36 долари, а се пиело кафе и минерална вода, па некој и се заблажил со тортата на денот.

Како што кажавме најскап е авионскиот билет од 264.725 денари или над четири илјади евра, а министерот за разлика од премиерот патувал со економска класа.

Претходно Инфомакс ги објави трошоците од патувањето на Собраниската делегација, која за прошетката во Вашингтон потроши над 17.500 евра, а спикерот Африм Гаши со себе си ја прошетал и сопругата Јелиз Гаши.

Минатата недела поранешниот министер Наим Бајрами ги врати во државниот буџет сите пари потрошени за репрезентации, по обвинувањата од тогашната опозиција, а актуелна власт ВМРО-ДПМНЕ дека го оштетил Буџетот. Бајрами ѝ врати на Македонија 231.729 денари, па сега се поставува прашањето дали и премиерот Мицкоски и останатите министри, како и сите делегации кои патуваа во Вашингтон ќе ги вратат парите кои ги потрошиле, а за кои од опозиција толку зборуваа дека не треба да се трошат.

Претходно беше објавено дека премиерот Мицкоски само за авионски билети потрошил 20.000 евра, бидејќи ако што кажа самиот, морал да патува со бизнис класа бидејќи го болат колената. Податоците за трошењето на останатите делегации меѓу кои МНР, Влада и Министерството за одбрана се уште не се познати. Мицкоски и понатаму не ги објавил сметките од патувањето на неговиот син, за кој кажа дека има право на придружен член на делегација, а кој заедно со него патувал во Вашингтон.

Шетајте луѓе, ич „да не ви чуе“, народ плаќа!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Над 330.000 ДЕНАРИ чинело патувањето на Тошковски…

Шетајте луѓе, ич „да не ви чуе“,…

(Видео) Храбрите пилоти на МВР спасија туристка…

Благодарение на храбрите доброволни спасители од Охрид…

МВР по барање на Австрија го проверува…

Македонската полиција информира дека постапува по барање…

(Видео) Началници и полицајци не санкционирале возач…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

Можно е враќање на средното полициско училиште

Министерството за внатрешни работи вчера, на владина…