Над 50 тетовци деновиве скршиле раце и нозе на смрзнатите улици и тротоари во градот

t

Снегот и ниските температури целосно ги прекрија улиците и тротоарите во Тетово со мраз, по што само во тетовската Клиничка болница, повеќе од педесет пациенти побарале помош поради скршеници, објави ТВ21.

-За пет дена на Одделот за ортопедија при Тетовската болница се примени над 50 пациенти со фрактури, од кои тројца се оперирани, а останатите се пуштени на домашно лекување. Во овој број се опфатени и лицата кои се здобиле со повреди на ски-центарот Попова Шапка. Најголем број телесни повреди предизвикани од лизгање се регистрирани кај децата и постарите лица, а најчести се повредите на екстремитетите, велат од одделот за ортопедија во Тетово.

Лекарите апелираат до граѓаните да не излегуваат надвор без потреба и да носат соодветни обувки и облека. Викендов, градоначалникот Биљал Касами изјави дека безбедноста и слободното движење на граѓаните е должност на локалната власт, кога заедно со вработените во Јавното комунално претпријатие ги чистеше тротоарите од снег и мраз.

-Имајќи ги предвид барањата на граѓаните доставени до претпријатието, но и до општината дека на тротоарите има мраз и опасност од повреди, ние денеска излеговме на терен за да извршиме надзор како вработените во претпријатието го чистат мразот. Во оваа прилика би сакал да им се заблагодарам на сите вработени во претпријатието кои ги исчистија тротоарите за граѓаните да можат слободно да се движат низ улиците во градот, рече Касами.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општина Тетово двојно ги зголеми даноците на…

Зголемувањето на даноците на имот од страна…

Триесетгодишен маж од Тетово обвинет за силување

Основното јавно обвинителство Тетово соопшти дека донело…

Левица: Касами заедно со коалициското трио ВЛЕН-ДПМНЕ-ЗНАМ…

Касами заедно со коалициското трио ВЛЕН-ДПМНЕ-ЗНАМ промивира…

Се пренасочува сообраќајот на патот Тетово –…

АМСМ информира дека регионалниот пат Тетово –…

Паднати бандери и дрвја, поплавени куќи и…

Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека вчера во…