Наезда на змии во Скопје и Прилеп: Ако ве касне змија јавете се на 112!
Во ЦУК, на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, имаше повеќе повици за многу итни случаи, меѓу коишто имаше за опасност од присуство на змии во објекти во населени места и тоа било координирано и решавано со институциите и службите во Системот за управување со кризи (СУК). Одвојуваме, во оваа прилика, само информации, што како пример се потсетување за граѓаните да внимаваат на појавата на змии во овој потопол период од годината. Конкретно, завчра (05.06.2024 – во објекти во општините Гази Баба и Прилеп) и вчера (06.06.2024) беа добиена пријава за појава на змии во населени места. Вчера во 10.44 часот, на 112 во ЦУК има пријава за видени змии во дворот на ЈЗУ Црниче. Се барало итна реакција од соодветната институција за отстранување на проблемот. Во 17.02 часот имало уште една пријава дека имало змија во дворот на Центарот за обука при Факултетот за безбедност – Скопје.
За вакви случаи на појава на змии во објекти во населени места, бидејќи не постојат специјализирани институции нивно отстранување, има физички лица, а и граѓански асоцијации за заштита на животните, коишто можат да им помогнат на граѓаните, во рамки на нивните можности, за безбедно отстранување на змии, други влекачи и слично, секако, по непосреден контакт и договор со нив.
ЦУК превентивно потсетува дека при прошетките во природа може граѓаните имаат случај да се сретнат со змии. Општо е познато дека змијата најчесто бега при средба со луѓе и ако не е загорозена и уплашена – не напаѓа. Но, може да се случи, на пример, ако случајно се нагази, наседне или кога се поминува брзо веднаш до неа, змијата да го касне човекот. Покрај тоа што е препорачливо да се носат соодветни обувки, облека и стапчиња за одење во природа, корисно е граѓаните да се потсетат и да е информираат за пружање прва самопомош, поточно за начинот како се реагира, како да се имобилизира и да се третира каснато место од змија. Се разбира, секако е препорачливо да се јават на 112 во ЦУК, без разлика дали си самопомогнале или не.
Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
Уште гори во Прилеп, нема да се…
Пожарот во Прилеп е активен и утрово,…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…