Налепниците со „НМК“ ќе чинат од 30 до 50 денари
Во мај минатата година Владата одлучи дека граѓаните не треба да ги менуваат регистерските таблички на возилата со нови. Наместо нови таблички, ќе се набават налепници со ознаката на новото уставно име „НМК“. Поминаа осум месеци од најавата, но процесот на издавање се уште не е започнат иако за дваесетина дена изминува предвиденот рок за смена на табличките.
Од МВР изминатиот период „ја смируваа топката“ велејќи дека целиот процес ќе се заврши пред предвидениот рок и граѓаните да бидат смирени, но сепак налепници нема никаде.
Од МВР за „Слободен печат“ информираат дека е склучен договор за нарачка со избраниот економски оператор, за што течат законските рокови за испорака на налепници и ќе чинат од 30 до 50 денари.
„Ве известуваме дека согласно решението за изменување и дополнување на решението за цените на обрасците што ги издава Министерството за внатрешни работи, објавено во Службен весник на Република Северна Македонија бр. 2 од 03.01.2024, цените на налепниците ќе се движат од 30 до 50 денари. Согласно Рамковната спогодба за набавка на регистарски таблици, склучен е договор за нарачка со избраниот економски оператор, за што течат законските рокови за испорака на налепници“, велат од МВР.
Граѓаните кои поседуваат возила ќе може да ги заменат налепниците и по 12 февруари, но веќе од 13-ти февруари нема да може да ја напуштат државата со старите таблици со ознака „МК“.
Тендерот за набавка на налепниците „НМК“ го доби фирмата „Квантум дооел Скопје“, а производител на табличките ќе биде германската фирма „ЕХА Хофман“.
Според димензиите, МВР по различна цена ќе ги набавува налепниците. Па така за налепница со димензија 99×42 МВР ќе плаќа 35 денари, за налепниците со димензии 85х40 милиметри цената ќе биде 41 денар, налепниците со димензии 63х37 милиметри ќе чинат 35 денари и налепниците со најмала димензија знесува 29,5 денари за две налепници.
Немањето налепници ги вклучи алармите и кај 30 илјади македонски транспортери. Тие бараат доколку не може да се стигне рокот државата да испрати депеша до сите европски институции дека обврската од Преспанскиот договор се пролонгира на одреден период. Во изминатиот период превозниците коишто вршеле превоз на стока за, од и низ територијата на Грција, ставале налепници со ознаката „НМК“ и немале проблеми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Гранати, експлозиви, цел арсенал… Еве што…
Експлозив и оружје е најдено во Арачиново,…
Тошковски се огласи за Груби: МВР има…
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, преку…
Од МВР го потврдија грабежот на банка…
Околу 13 часот е пријавен обид за…
Тошковски на прашање на Инфомакс: Еден од…
На јавноста ѝ е познато кои двајца…
(Видео) Тошковски со детали за трите акции…
Во изминатите денови МВР во координација со…