Наместо поддршка за протестот во Аеродром – инспекторка од општината ги навредува граѓаните
Фејсбук објава на Левица – Аеродром
На повик на загрижените граѓани за масовна излезност на протест против труењето на аеродромци од депонијата Вардариште, главната инспекторка во Општина Аеродром, Елена Ѓошевска Стојановска, наместо да застане во одбрана на здравјето на жителите, си дозволи со цинизам и навреди да им порача на жителите да протестираат во Арачиново. – пишуваат од партијата Левица
Овој срамен однос кон сопствените сограѓани е доказ за целосната незаинтересираност и негрижа на општинската власт предводена од ДПМНЕ. Додека Аеродром се дави во канцерогени испарувања од Вардариште, локалната власт ги исмејува жителите кои бараат чист воздух и достоинствени услови за живот.
Левица – Аеродром најостро го осудува ваквото однесување на инспекторката и ја повикува општината наместо со потсмев да одговара на повиците на граѓаните, да преземе конкретни мерки заедно со општината Гази Баба за конечно решавање на проблемот со Вардариште.
Граѓаните на Аеродром заслужуваат здрава и чиста животна средина, а не навреди и игнорантски однос од општинските функционери платени со нивни пари! – додаваат тие.

(Видео) Блокади на булевари во Аеродром! Граѓаните бараат чист воздух, најавија нов собир за утре
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Наместо поддршка за протестот во Аеродром –…
Фејсбук објава на Левица - Аеродром На…
Шукова предлага оградување на Вардариште и 24-часовна…
Кандидатката за градоначалник на Скопје, Каја Шукова…
Денес повторно протест поради загадувањето од Вардариште,…
Граѓани вчера излегоа на протест на раскрсницата…
(Видео) Блокади на булевари во Аеродром! Граѓаните…
Граѓани на Општина Аеродром денеска ја блокираа…
Лажните оправдувања на ДПМНЕ за Вардариште се…
Лажните оправдувања на ДПМНЕ за Вардариште се…