(Видео) Блокади на булевари во Аеродром! Граѓаните бараат чист воздух, најавија нов собир за утре

t

Граѓани на Општина Аеродром денеска ја блокираа раскрасницата помеѓу булеварите АСНОМ и Србија, пред мостот Киро Глигоров во знак на револт поради лошиот квалитет на воздухот изминатиот период и силната смрдеа која се шири низ општината поради пожарите на депонијата Вардариште.

– ЕКОЦИДОТ или силната миризба која ја чуствуваме изминативе неколку дена е неподнослива и со сигурност неизмерно штети на нашето здравје. Нашите дечиња школската година ја започнаа во најлоши можни околности. Наша граѓанска должност е да побараме СЕГА И ВЕДНАШ разрешување на овој проблем. Како граѓани се прашуваме: Кои институции ни недостасуваат за да го решат овој проблем? СЕГА И ВЕДНАШ, не по изборите, ниту во наредниот период. Веруваме дека овој проблем сите нас доволно не засега и мирно со блокирање на раскрасницата помеѓу булеварите АСНОМ и Србија, пред мостот Киро Глигоров, секој ден ќе допреме до надлежните за разрешување на овој проблем СЕГА и ВЕДНАШ. – стои на плакатите залепени низ Скопје со кои беше најавен овој протест.

Од видеото се забележува дека на терен има и полиција, а граѓаните најавија нов собир, односно блокада на раскрасницата помеѓу булеварите АСНОМ и Србија, пред мостот Киро Глигоров во 18 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешка сообраќајна несреќа во Аеродром, тројца луѓе…

Во тешка сообраќајна несреќа во скопската населба…

(Видео) Жена влезе гола во фонтана во…

Необична сцена ги изненади минувачите во скопската…

Птица заглавена во моторот спречи авион да…

Повеќе од 150 патници синоќа останаа заглавени…

(Видео) Вандализам во Аеродром: Млади луѓе кршат…

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески објави…

Опожарени две возила во скопски Аеродром

Во раните утрински часови во Скопје избувнал…