Наместо проекти – кафани и тендери: Оваа е вистинската програма на ДПМНЕ во Карпош

t

Кога ВМРО-ДПМНЕ нема аргументи, тогаш пуштаат соопштенија со лаги и навреди. А најиронично од сè е што во Карпош ни го доведоа за кандидат човек кој до вчера седеше по кафани, со купена диплома пред една година, и единствено искуство му е чашката, а не проекти и работа, реагираат од политичката партија ГРОМ по денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ дека Јакимовски е кандидат на СДСМ.

– Граѓаните треба да знаат дека овој нивни „кафанџија-кандидат“ денеска седи во канцеларија и оперира со државниот буџет. Преку фирмата Алкалоид Конс се набавуваат лекови за Онкологија – па нека проверат зошто доцнат терапиите и колку тендери имаат добиено. Таму лежи вистинската приказна.

Докторите од Онкологија имаат многу што да кажат. Јавноста има право да знае дали профитот и договорите им се поважни од здравјето на пациентите.

Затоа, наместо да измислуваат лаги за Карпош, нека одговорат на едно едноставно прашање:
Кој профитира од тендерите за лекови и кој го пушти „кафанџијата“ да биде кандидат за Карпош?

Карпош не е кафана, ниту ќе биде експеримент на нивните школски другарчиња. Карпош е сериозна општина и народот тоа го знае.

Народот е со мене, а вистината ќе ги стигне и нив, стои во соопштението од кандидатот за градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наместо проекти – кафани и тендери: Оваа…

Кога ВМРО-ДПМНЕ нема аргументи, тогаш пуштаат соопштенија…

Филипче: Скопјани не го прифаќаат извинувањето на…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој денеска…

СДСМ го доби бројот 5, ВМРО-ДПМНЕ 9,…

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе одржа…

Апасиев: Ко ќе дојде Левица на власт,…

Кога ќе дојде Левица на власт, БЕЛАТА…

СДСМ: Скопјани се жртви на политички игри,…

Скопјани 4 години секој ден живеат во…