СДСМ: Скопјани се жртви на политички игри, дали ДПМНЕ намерно го остава ѓубрето и го саботира ЈСП?
Скопјани 4 години секој ден живеат во хаос, преполни контејнери, нечисти улици и јавен превоз во колапс. – реагираат од опозициската партија СДСМ
Главниот град е во заложништво на неспособноста на ДПМНЕ и нивните кавги со Данела Арсовска.
Прашањето е дали ДПМНЕ свесно го остава ѓубрето во Скопје на улица? Очигледно игрите со ЈСП и Комунална хигиена се политички пресметки врз грбот на скопјани.
Во Комунална хигиена четири години претседателка на Управниот одбор е кадар на ВМРО-ДПМНЕ, Јулијана Спировска.
Сега ДПМНЕ ја наградува со советничко место во општина Бутел. За што? За нечистите улици? Или за реализација на партиските директиви губрето да биде на улиците, на штета на скопјани?
ЈСП тоне во долгови, автобуси нема, учениците не знаат дали ќе стигнат на настава, граѓаните не можан навреме да стигнат на работа, на пазар, било каде.
Четири години, ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во Советот, претседавач со советот, но 4 години водат инает со Арсовска не носат одлуки а сметката за тоа ја плаќаат граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ раководи со Управниот одбор на ЈСП но и со сите управни и надзорни одбори на јавните претпријатија во Скопје.
Заклучокот е јасен, ВМРО-ДПМНЕ создаде хаос во Скопје, тие се најголемие виновници за катастрофата која што му се случува на Скопје.
Скопјани се жртви на неспособноста и меѓусебни кавги меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска и политичките игри на ВМРО-ДПМНЕ. – додаваат тие за хаосот кој се случува во Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче и Заев се главните…
СДС и актуелното раководство продолжуваат со лагите…
Андоновска: Со години институциите пријавувале неправилности со…
Мали Фрчко не само да намали, туку…
ВМРО-ДПМНЕ: Заев од јахта диктира ниски цени…
Лицемерно е што СДСМ се вмешува во…
ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да му поднесе кривична…
Талогот на СДС повторно се појави. Овој…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лицата со правосилни пресуди со…
ВМРО-ДПМНЕ денеска упати обвинувања кон лидерот на…