Наместо со химната Славјанка во Лондон ја пречекаа со “Јовано, Јованке”
Со церемонија со највисоки воени почести денеска започна официјалната посета на Обединетото Кралство на министерката за одбрана Славјанка Петровска.
Како што соопштија од Министерството за одбрана, Петровска беше пречекана со добредојде на македонски јазик и со изведба на македонската народна песна „Јовано, Јованке“ на Воениот оркестар на Обединетото Кралство.
На средбата со британскиот министер за одбрана, Бен Валас, ја осудила руската инвазија на Украина и порачала дека НАТО сојузниците се обединети и подготвени да ја гарантираат безбедноста на земјите – членки на НАТО.
-Од Лондон ја испраќаме пораката дека ја осудуваме инвазијата врз Украина. Но, истовремено испраќаме и порака на обединетост на сојузниците и подготвеност да ја гарантираме безбедноста на државите – членки на НАТО Алијансата – рече министерката Петровска по средбата со Валас.
Британскиот министер Валас, пак, го потврди ставот дека НАТО е единствено во цврстата заложба кон колективната безбедност во НАТО.
Извор: Фокус
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД исплашени од „кинеската суперамбасада“ во Лондон,…
Белата куќа ја предупреди Даунинг стрит (Владата…
Москва: Лондон ќе добие одговор доколку ја…
Русија ја предупреди Велика Британија дека Лондон…
Следната недела Лондон ќе биде домаќин на…
Британскиот премиер Кир Стармер ќе биде домаќин…
Паркинг место во Лондон се продава за…
Паркинг место во елитниот дел на Западен…
(Видео) Лондон имаше спектакуларен огномет и покрај лошото…
Десетици илјади луѓе ја дочекаа 2025 година…