Напад на таткото и братот на Невена Спасеска за време на роденден на детето
Вечерва на роденденска прослава на детето на Невена Спасеска, се случил инцидент во кој физички биле нападнати нејзиниот татко и брат. Според очевидците, нападот го извршил поранешниот сопруг на Спасеска, кој со боксови удирал кон нив.
Очевидци наведуваат дека инцидентот предизвикал голема паника и вознемиреност кај присутните, а дечиња кои биле на роденденот реагирале со пискање од страв. Настанот веднаш бил пријавен во Полициската станица Карпош, каде што полицијата излезе на терен и се работи на негово расчистување.
Инаку, поранешниот сопруг на Невена е познат и по претходен инцидент во кој бил вклучен напад врз пратеничката Славјанка Петровска.
За потсетување, Невена Спасеска е мајка која беше иницијално лишена од старателството над своето четиригодишно дете. Врховниот суд ја поништи контроверзната пресуда, давајќи и нова можност да го врати детето и да го продолжи животот како законски старател.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Напад на таткото и братот на Невена…
Вечерва на роденденска прослава на детето на…
СДСМ: Христовски го демантираше Мицкоски дека бил…
Власта да не бега од вистината, АНБ…
Вучиќ со Си: Србија ја поддржува идејата…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денес во…
Златен медал за Македонија на Европската јуниорска…
На 9-тата по ред Европска јуниорска олимпијада…
Зеленски: Крајот на војната во Украина е…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека…