Напад на таткото и братот на Невена Спасеска за време на роденден на детето

t

Вечерва на роденденска прослава на детето на Невена Спасеска, се случил инцидент во кој физички биле нападнати нејзиниот татко и брат. Според очевидците, нападот го извршил поранешниот сопруг на Спасеска, кој со боксови удирал кон нив.

Очевидци наведуваат дека инцидентот предизвикал голема паника и вознемиреност кај присутните, а дечиња кои биле на роденденот реагирале со пискање од страв. Настанот веднаш бил пријавен во Полициската станица Карпош, каде што полицијата излезе на терен и се работи на негово расчистување.

Инаку, поранешниот сопруг на Невена е познат и по претходен инцидент во кој бил вклучен напад врз пратеничката Славјанка Петровска.

За потсетување, Невена Спасеска е мајка која беше иницијално лишена од старателството над своето четиригодишно дете. Врховниот суд ја поништи контроверзната пресуда, давајќи и нова можност да го врати детето и да го продолжи животот како законски старател.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…

Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…