Напаѓачот кој застрела социјална работничка во Прилеп бил избеган од психијатриска болница
Мажот кој денеска пукаше и рани социјална работничка во Прилеп на нејзиното работно место, избегал од психијатриска установа, соопшти Обвинителството.
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп извршил увид во просториите на Центарот за социјални работи.
Од Обвинителството велат дека напаѓачот подолго време ја демнел жртвата.
„Осомничениот, според првични сознанија, претходно подолг период ја демнел и загрозувал сигурноста на жртвата, за што биле водени соодветни кривични постапки против него, меѓутоа избегал од институција во која издржувал мерка задолжително психијатриско лекување. Во просториите на Центарот тој пукал од огнено оружје – пиштол кон вработената, која е повредена и е надвор од животна опасност, но и кон директорот на установата, кој не е повреден. Осомничениот е уапсен, а оружјето и други траги се обезбедени и ќе бидат предмет на вештачење“, велат од ОЈО.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина 49-годишен прилепчанец, го удри автомобил додека…
МВР информира дека синоќа околу 21 часот…
(Видео) Прилепчани се жалат: Комуналец ни наплаќа…
На старите градски гробишта во Прилеп не…
Прилеп ли е, Амазон ли е… ВРИЕ…
Локалниот огранок на СДСМ во Прилеп објавија…
По нападот во Прилеп, Центрите за социјална…
За еден месец, 37 Центри за социјална…
ВИДЕО „Наместо Младински центар, во центарот на…
„Некогашната Виша економска школа, локацијата на која…