Напаѓачот од Сиднеј е дел српскиот ловечки клуб „Застава“
Австралиските власти најавија итна реформа на законите за оружје по шокантното откритие дека Саџид Акрам (50), извршителот на нападот на плажата Бонди, бил легален сопственик на дури шест парчиња огнено оружје. Акрам и неговиот син Навид (24) се обвинети за терористички напад врз еврејската заедница која вчера ја славеше Ханука, во кој загинаа 16 лица, а десетици беа повредени.
Комесарот на полицијата во Нов Јужен Велс, Мал Лејнион, потврди дека напаѓачот поседувал дозвола за оружје од 2015 година. „Таткото поседувал дозвола за оружје од 2015 година“, изјави Лејнион, додавајќи дека Акрам имал шест парчиња легално оружје, кои сега се запленети.
„Бил член на ловечки клуб“, изјави Лејнион. Подоцна беше утврдено дека Акрам бил член на ловечкиот клуб „Застава“, чиe седиште се наоѓа во Бонериг, на помалку од два километри од неговиот дом. Ловечкиот клуб „Застава“ во Сиднеј го водат припадници на српската заедница.
Истражителите откриле дека таткото и синот вежбале пукање на стрелиштето во Сесил Парк. Балистичката и форензичката истрага треба да утврдат дали запленетото оружје е истото за кое Акрам имал дозвола. Во паричникот на неговиот 24-годишен син била пронајдена членска картичка од клубот, но сè уште не е официјално потврдено дека и тој бил член.
Повеќе оружје отколку пред масакрот во Порт Артур
Во Нов Јужен Велс се регистрирани повеќе од 1,1 милион парчиња огнено оружје, од кои третина се наоѓаат во предградијата на Сиднеј. Загрижувачки е податокот дека во Австралија денес има повеќе оружје отколку пред масакрот во Порт Артур во 1996 година, кога беа убиени 35 лица.
Тој настан ја поттикна тогашната влада да го усвои Националниот договор за огнено оружје и да започне масовна програма за откуп, со која од употреба беа повлечени 650.000 парчиња оружје. Меѓутоа, податоците на Australia Institute од мај годинава покажуваат дека денес во Австралија има над четири милиони регистрирани приватни парчиња оружје — што е 800.000 повеќе отколку пред програмата за откуп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Напаѓачот од Сиднеј е дел српскиот ловечки…
Австралиските власти најавија итна реформа на законите…
„Лувр“ затворен, од утрово вработените во музејот…
Музејот „Лувр“ во Париз нема да биде…
Орбан: Европа е на прагот на голема…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека…
Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ е…
Вчера во терористичкиот напад на плажата Бонди…
На грчки брод откриени неколку тони кокаин
Најмалку пет лица се уапсени на грчки…