НАПОЛНЕТЕ СИ ШИШИЊА УШТЕ ОД ВЕЧЕРВА: Цело Берово утре ќе остане без вода
Градот Берово и дел од околните места утре ќе бидат без вода за пиење. Причината за прекинот во водоснабдувањето како што информираа од Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга” се градежни активности кои ќе се одвиваат на тамошната филтер станицата.
– Заради реализација на активностите по проект ,,Реконструкција на филтер станица”, утре 24.07.2023 година (понеделник), ќе има прекини со водоснабдувањето на територијата на цела општина. Поради ова ги замолуваме граѓаните за разбирање за ваквата состојба – информираа од претпријатието.
Оттаму информираа дека поради зголемената потрошувачка водоснабдувањето се одвива со мали проблеми, но без да има рестрикции.
– Се случуваше во најтоплите периоди граѓаните од повисоките места во градот да немаат вода, заради што апелиравме на совесно користење на водата за пиење – додадоа од комуналното претпријатие.
Дополнителни информации за текот на реконструкцијата на филтер станицата најавија во текот на утрешниот ден.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…
За време на официјалните разговори во Каиро,…
Русија: САД да не се мешаат во…
Русија ги предупредува САД да не се…
На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ се…
На граничниот премин Табановце за влез во…
„Дали мојот татко заслужува хоспитализација од македонското…
„Државата ме остави без да го хоспитализира…
Мојсоска: Мицкоски велеше дека ќе поднесе оставка…
*Мојсоска: Надзорна расправа ќе има - ниту…