Нарачан бил пожарот во викендицата на Пандов
Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов денеска информира дека нема ништо конкретно околу случајот со опожарувањето на неговата викендица, иако сподели со јавноста дека има осомничени лица.
-Се работи, ќе бидат фатени сторителите и нарачителите. Нарачателите се многу поважни, кратко додаде Пандов на денешната прес-конференција по по повод промоцијата на нови пристапи во третман на лица прекршители на законите во тренинг центарот во Идризово.
Полицијата потврди дека на 29-ти април во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, Пандов пријавил дека била опожарена неговата викенд-куќа во скопско Орешени. Во објавата на социјалните мрежи во која информира за случајот, првиот човек на Управата за санкции тогаш оцени дека ова е цената за ударот по мафијата и изрази сомнеж дека се работи за смислен атак на криминалните групи.
Пандов се сомневаше дека затвореници или банди во затворите, кои се под негово управување, се одговорни за палењето.
Во пожарот немаше повредени лица, освен предизвикана материјална штета.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нарачан бил пожарот во викендицата на Пандов
Директорот на Управата за извршување на санкции,…
(ВИДЕО) Запалена куќата на Пандов во скопско…
Запалена е куќата на директорот на Управата…
Запалена спортска обложувалница во Аеродром
Спортска обложувалница во Аеродром била запалена во…
Изгорела куќа на гурбетчии во Шуто Оризари,…
Вчеравечер полицијата примила пријава дека е запалена…
(Видео)Пожар во зграда до бараките на општина…
Доцна вечерва избувна пожар во близина на…