Народниот правобранител констатираше недостиг на учебници и слаба грижа за менталното здравје на учениците
Недостиг од учебници или користење оштетени во наставата, недоволна грижа за менталното здравје на учениците, немањето образовни асистенти за учениците со попречености во средните училишта и влијаниаето на енергетската криза врз работата на училишта се нотирани во Информацијата на Народниот правобранител за констатираните слабости при остварувањето на правото на образование и спроведувањето на воспитно-образованиот процес во основните и средните училишта во земјава, која е доставена до МОН.
Иако е почната учебната 2022/2023 година, се вели во Информацијата, не запираат реакциите во јавноста за недостиг од учебници за учениците од основните и средните училишта. Родителите и учениците реагираат поради немањето печатени учебници за сите наставни предмети, а се жалат и поради дотраеност на достапните учебници.
-Учениците кои посетуваат настава во прво, второ, четврто и петто одделение информираат дека немаат добиено комплети печатени учебници за сите наставни предмети согласно наставниот план и програма, што укажува дека учениците од овие одделенија ја започнаа учебната година со материјали за учење во печатена форма, во кои се обединети содржини од неколку наставни предмети. Народниот правобранител го нотираше и немањето учебници по наставниот предмет Англиски јазик и оваа учебна година, па наместо користење учебник, според наводите, наставниците и учениците се служат со извадоци од постари учебници и други извори на материјали согласно наставната програма. Сознанијата на Народниот правобранител се дека години наназад нема официјално одобрени учебници по Англиски јазик, се наведува во Информацијата.
Учениците се жалат дека дополнителен проблем им претставува тоа што најголем дел од добиените учебници се сериозно оштетени, до степен на неупотребливост, поради што родителите се изложуваат на трошок да ги печатат електронските верзии на учебниците. Преку медиумите за ова реагираа и од Сојузот на средношколци наведувајќи дека учениците добиле или многу оштетени учебници од кои не се учи, или дел од нив воопшто не добиле учебници. Овој проблем е присутен во повеќе средни училишта во Скопје, Битола, Прилеп, Велес, Делчево и во други градови. Според нив, недостигот од учебници особено е карактеристичен за стручните предмети во средните стручни училишта.
Народниот правобранител укажува на актуелниот Закон за учебници за основно и средно образование според кој учебникот може да биде во употреба пет учебни години, освен учебниците во кои има содржини кои ученикот ги пополнува со пишување, боење, сечење и лепење, како и учебниците за прво, второ и трето одделение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Конкурс за учебници нема, учениците од седмо,…
Откако Министерството за образование и наука објави…
Запрен конкурсот за издавање учебници за деветгодишно…
Конкурсот за издавање учебници во деветгодишното основно…
Јаневска се пишмани – тешко дека ќе…
Иако пред само една недела министерката за…
Вучиќ: Во учебниците ќе научат како сме…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека…
Денков бара промена на бугарските учебници по…
Бугарскиот премиер Николај Денков смета дека училишните…