Народот дојде по своето: Македонците сплотени како никогаш досега!
Пред Владата на Република Македонија вчера попладне се одржа сенароден протест „Ултиматум – Не благодарам“.
Скопје беше исполнет како никогаш до сега. Реки од народ се слеаја во главниот град, се веаја македонски знамиња, се пеаја патриотски песни. Македонскиот народ масовно излезе, со знамиња и пароли искажувајќи го својот револт против францускиот предлог јасно порача: „НЕ за бугаризација“.
Македонците едногласно кажаа дека не го прифаќаат понижувачкото француско (бугарско) решение бидејќи овој предлог е неприфатлив кој се задира во македонските национални интереси и се негира македонскиот јазик.
Свеста на овој народ и повеќе е од очигледна. Сите заборавија од која партија доаѓаат, дали воопшто се партиски определени, народот знаеше само едно, а тоа е дека Македонија е на Македонците, дека не заборава на корените и на секој еден кој до смрт се борел за нашата татковина. Народот излезе за минатото, сегашноста и иднината на Македонија, излезе и го крена својот глас против тоа што се обидуваат да и го наметнат на нашата земја.
Протестите продолжуваат и денеска во 19.00 часот пред Владата на Република Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата со препорака Службен весник да ја…
Транспарентна влада е силна влада! Еден значаен…
Владата го повлече предлог-законот за средно образование,…
Законот за средно обеазование е повлечен од…
Владата ќе го раскине 17 милиони евра…
Владата планира да го раскине договорот со…
(Видео) Османи: Не размислуваме да влеземе во…
Во оваа Влада не размислуваме да влеземе,…
(Документи) Фалинки или фалсификати во образованието на…
Во која нормална држава за директор на…