Народот дојде по своето: Македонците сплотени како никогаш досега!

t

Пред Владата на Република Македонија вчера попладне се одржа сенароден протест „Ултиматум – Не благодарам“.

Скопје беше исполнет како никогаш до сега. Реки од народ се слеаја во главниот град, се веаја македонски знамиња, се пеаја патриотски песни. Македонскиот народ масовно излезе, со знамиња и пароли искажувајќи го својот револт против францускиот предлог јасно порача: „НЕ за бугаризација“.

Македонците едногласно кажаа дека не го прифаќаат понижувачкото француско (бугарско) решение бидејќи овој предлог е неприфатлив кој се задира во македонските национални интереси и се негира македонскиот јазик.

Свеста на овој народ и повеќе е од очигледна. Сите заборавија од која партија доаѓаат, дали воопшто се партиски определени,  народот знаеше само едно, а тоа е дека Македонија е на Македонците, дека не заборава на корените и на секој еден кој до смрт се борел за нашата татковина. Народот излезе за минатото, сегашноста и иднината на Македонија, излезе и го крена својот глас против тоа што се обидуваат да и го наметнат на нашата земја.

Протестите продолжуваат и денеска во 19.00 часот пред Владата на Република Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата најави можност за докуп на до…

Граѓаните на кои им недостигаат до 24…

Владата прави методологија струјата да не поскапи,…

Владата прави методологија за да се задржи…

Коцевски: Над 18 милијарди денари за општините,…

Над 18,4 милијарди денари од унгарскиот кредит…

Влада: Ставот на Китановиќ е личен и…

Владата излезе со јасен став во врска…

Владата ги намалува цените на училишниот прибор…

Владата ги намалува цените на училишниот прибор…