Народот ќе одговара за Фејсбук статус, премиерот ќе одговара ли за „глодари“, „лешинари“, „некрофили“…?
Од говор на омраза до институционален речник, каде е границата?
Во последните недели, јавниот дискурс во Македонија е сè почесто обоен со остар, а неретко и навредлив речник, кој доаѓа не од маргините на политичката сцена, туку од самото државно раководство, пишува 24 инфо.
Премиерот Христијан Мицкоски, кој неодамна ја презеде највисоката извршна функција во земјата и претходно како прв опозиционер го користеше терминот „Мочуриште“ или „полиитчко мочуриште“ за да ја ошише општествената состојба во државата.
Но откако ја презеде функцијата, Мицкоски не само што не застана на ткавите споредби, туку и ги засили деградирачките метафори.
Па така, коментирајќи ги најавите за протестите по трагедијата во Кочани, Мицкоски кажа дека го разбира гневот на граѓаните но никако не можел да ги разбере „политичките глодари“.
„Не можам никако да ги оправдам оние политички глодари, лешинари, коишто не сакаат силна Влада од ВМРО, бидејќи е браник и последниот столб да не дозволи уништување на Македонија, како држава.“ ќе каже Мицкоски една недела по трагедијата во Кочани.
Денес, тој употреби нов термин во деградацијата на неговите противници па во коментар за скандалозната пресуда на Судот во Тетово, кажа дека ќе се појавеле и „полноглавци“.
„Ова не е правда и тука имаме потфрлање на системот по сите основи. Знам дека некој ќе ми се налути, ќе излезат и такви полноглавци коишто ќе ме критикуваат после ова што ќе го кажам, но јавно барам од Судскиот совет да се преразгледа работењето на овој судија и уште еднаш да се реализира оваа пресуда…“ кажа Мицкоски денеска.
Лешинари, полноглавци, глодари во македонскиот јазик се термини кои се употребуваат со цел некој да се навреди, дискредитира или дегадира и иако овие термини се препознатливи за уличниот жаргон, сепак премиерот не се двоуми да ги користи и во официјални настапи, без при тоа да прецизира кон кого се однесуваат таквите поими.
МВР вчера за Инфомакс потврди дека се поднесени кривични пријави за луѓе кои протестираа во Кочани неколку дена по трагедијата и за лице кое напишало објава на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…
На премиерот му е јасно дека Таравари…
Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам…
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен…
Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…
Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…
ЦК на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски очекуваат…
Владата е стабилна силна и успешна –…
Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…