НАСА ќе лансира ракети од Австралија
Американската вселенска агенција НАСА е подготвена да лансира ракети од Австралија, првпат по 27 години, објави во средата австралискиот премиер Ентони Албанезе.
Ова ќе биде прво комерцијално лансирање вон САД во историјата на НАСА и прво лансирање ракета на НАСА од Австралија по 1995 година. Три ракети со суборбитален дострел ќе полетаат од Вселенскиот центар „Арнем“ во Северната Територија, во сопственост и управуван од комерцијалната компанија „Екваторијал лонч Австралија“. Летовите се закажани меѓу 26 јуни и 12 јули годинава.
– Задоволство е да се биде овде во градот Дарвин денеска за да го објавиме заедничкото лансирање, истакна Албанезе.
Ракетите ќе се користат за астрофизички испитувања што може да се направат само од јужната хемисфера, соопшти НАСА. Тие ќе ја истражуваат хелиофизиката – природата и влијанието на Сонцето, и феномените на планетарната наука.
– Лансирањето летово ќе ни овозможат да истражиме како светлината на ѕвездата меѓу другото може да влијае и на животната средина на планетава, изјави Ники Фокс од НАСА.
Албанезе рече и дека овој проект ќе ги обедини светската и локалната индустрија и „ќе го одведе вселенскиот сектор на Австралија во нова ера“. А пак, шефот на Австралиската вселенска агенција, Енрико Палермо нагласи дека лансирањето ќе го зајакне „долгогодишното партнерство на Австралија и САД“ во мирољубивото користење на Вселената.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Австралија ќе обезбеди рекорден пакет воена помош…
Австралиската влада ќе и го обезбеди на…
Австралија ќе назначи специјален советник за истрага…
Австралиските власти ќе назначат специјален советник кој…
Тинејџерка избодела соученик во училиште во Перт
15-годишно девојче е обвинето дека избодело 16-годишно…
Австралија им се извини на жртвите од…
Скандалот со талидомид е „едно од најтемните…
Роберт Милошески стана прв советник со македонско…
Роберт Милошески на неодамнешните локални избори стана…