Објавено на:

Насилен упад во зградата на српската телевизија РТС: Уапсени 40 лица кои влегоа во објектот

t

Припадници на српската полиција уапсија 40 членови на организацијата „Достојни за Србија“, кои наводно незадоволни од работата на РТС насилно влегле во зградата на таа медиумска куќа на улицата Таковска во центарот на Белград.

Полицијата без проблем ги извадила од зградата. Тие ќе бидат приведени во полициска станица за понатамошни дејствија.

За упадот е известен е и надлежното Обвинителство.

Српските медиуми јавија дека лицата сакале да предадат нешто во канцеларијата на РТС. Канцеларијата е отворена до 15 часот, а внатре останале и по работното време и не сакале да излезат. Полицијата добила повик од обезбедувањето. А кога пристигнала прижиле пасивен отпор, но полицијата без проблем ги извадила од зградата.

Кои се „Достојни за Србија“?

Движењето, кое има крајнодесничарски гледишта, е предводено од Душан Дунѓер, кој се претставува како „меѓународен експерт за бебедност и антитероризам“.

Програмата на „Достојни за Србија, како што е наведено на нивната веб-страница, содржи основни принципи кои даваат насоки за „сите што моментално не гледаат јасни патокази на тој пат и одговор како да излезат од окупаторската состојба“.

Тие самите наведуваат дека Народниот штаб не се помирува со тоа дека „окупацијата и ропството се природна состојба во која треба да живее човекот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Студентите ја прекинуваат блокадата на РТС: Објавен…

Студентите во блокада вечерва објавија дека ја…

Вучиќ: Блокадата на РТС е криминал без…

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави на ТВ…

Седми ден блокада на РТС – Студентите…

Студенти и граѓани веќе седми ден ги…

Шести ден блокада на РТС: Студентите на…

Студентската блокада на РТС на улица Таковска…

Вработени во РТС: Бараме итна промена на…

Собирот на вработени во РТС побара од…