Објавено на:

Насилен упад во зградата на српската телевизија РТС: Уапсени 40 лица кои влегоа во објектот

t

Припадници на српската полиција уапсија 40 членови на организацијата „Достојни за Србија“, кои наводно незадоволни од работата на РТС насилно влегле во зградата на таа медиумска куќа на улицата Таковска во центарот на Белград.

Полицијата без проблем ги извадила од зградата. Тие ќе бидат приведени во полициска станица за понатамошни дејствија.

За упадот е известен е и надлежното Обвинителство.

Српските медиуми јавија дека лицата сакале да предадат нешто во канцеларијата на РТС. Канцеларијата е отворена до 15 часот, а внатре останале и по работното време и не сакале да излезат. Полицијата добила повик од обезбедувањето. А кога пристигнала прижиле пасивен отпор, но полицијата без проблем ги извадила од зградата.

Кои се „Достојни за Србија“?

Движењето, кое има крајнодесничарски гледишта, е предводено од Душан Дунѓер, кој се претставува како „меѓународен експерт за бебедност и антитероризам“.

Програмата на „Достојни за Србија, како што е наведено на нивната веб-страница, содржи основни принципи кои даваат насоки за „сите што моментално не гледаат јасни патокази на тој пат и одговор како да излезат од окупаторската состојба“.

Тие самите наведуваат дека Народниот штаб не се помирува со тоа дека „окупацијата и ропството се природна состојба во која треба да живее човекот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украински „бандити“ упаднаа во христијански манастир

Еден од бандитите му скршил вилица на…

(Фото) Спикерот на Конгресот денес јавно ќе…

Спикерот на Конгресот во САД, Мајк Џонсон…

Бизарна несреќа во Хрватска: Пуштил телевизор и…

Во Осиек дошло до експлозија во стан…

Водачот на упадот во Капитол доби 17…

Водачот на екстремната десничарската група „Гордни момчиња“…

(Видео) Бразил пред граѓанска војна: Десничарите го…

Поддржувачите на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро…