Насилен ученик малтретира ученици во основно училиште во Битола – Родителите се загрижени: „Никој не презема ништо!“

t

Насилен ученик со години малтретира соученици во Основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Битола, јавуваат загрижени родители од училиштето кои за Инфомакс изјавија дека нивните деца се секојдевно малтретирани и психички и физички од страна на насилен ученик, а никој не презема ништо.

Бидејќи родителите добиле закани од родителите на насилниот ученик, истите побараа да останат анонимни, меѓутоа алармираа дека сетуацијата е многу сериозна. Како што велат дел од родителите, според нивните сознанија ученикот е неколку пати пријавуван во училиштето и во Центарот за социјални работи (се работи за малолетник под 14 години), а за дел од настаните кои завршиле и со физички повреди на деца се води судски процес, меѓутоа засега од страна на училиштето не се презема ништо.

Законот за основно образование во членот 65 предвидува дека„ Секој вработен во училиштето е должен да се грижи за најдобриот интерес на ученикот и да го почитува неговото достоинството, како и Конвенцијата за правата на детето.
Во ставот два стои дека „Забрането е телесно, психичко и сексуално малтретирање и казнување на ученикот и понижувачко однесување и постапување кон него.“.

Одговорност при вакви ситуации како во основното училиште во Битола има и директорот на училиштето и вработените кои се должни веднаш да го пријават случајот со насилство, а во оваа ситуација станува збор за десетици случаи и констинуирано малтретирање на мнозинството ученици од едно дете.

Согласно членот 65 од Законот за основно образование, директорот на училиштето е должен да го пријави секој облик на насилство, злоупотреба или занемарување сторено врз ученик од страна на друг ученик, родител односно старател, наставник, стручен соработник или кое било друго лице кое е вработено во училиштето, до надлежните институции утврдени со закон.
Постапката за пријавување и заштита на ученик – жртва на било која од формите на насилство, злоупотреба и занемарување се утврдуваат со подзаконски акт.

Загрижените родители за Инфомакс велат дека родителите на детето кое ги малтретира останатите деца воопшто не соработуваат и не се трудат да преземат нешто во врска со случајот.

Законот за основно образование предвидува и одредби за постапување на родителите во случај на насилство.

Родителот, односно старателот се упатува на советување, ако:

– ученикот во текот на наставната година истовремено има негативна оценка по три или
повеќе предмети,

– ученикот има направено повеќе од десет неоправдани изостаноци, –

ученикот го навреди наставникот, – ученикот учествува во различни форми на насилство,

– ученикот покажува антисоцијално (девијантно) и асоцијално однесување,

– ученикот предвреме го напушти образованието,

– ученикот користи говор на омраза и во краток период на ученикот значително му се намали успехот

Таму е пропишана и постапката за советување на родителите/старателите.

Одделенскиот, односно раководителот на паралелката повикува на советување најмалку еден родител, односно старател, со покана упатена преку телефон, по пошта или со лична достава.
(2) Ако поканата за советување се однесува на антисоцијално (девијантно) и асоцијално однесување на ученикот, пред да се испрати поканата се бара стручно мислење од Педагошката служба.
(3) Педагошката служба, во рок од десет дена од приемот на барањето доставува стручно мислење за однесувањето на ученикот од ставот (2) на овој член. (4) Поканата за советување на родителот, односно старателот треба да биде нумерирана и да се достави најмалку осум дена пред одржувањето на советувањето.
(5) Ако родителот, односно старателот од оправдани причини не може да се јави на поканата е должен за отсуството да го извести одделенскиот, односно раководителот на паралелката, пред одржувањето на советувањето или во рок од три дена по советувањето.
(6) Одделенскиот, односно раководителот на паралелката го известува психологот, односно педагогот во училиштето за доставената покана за советување на родителот, односно старателот.
(7) Психологот, односно педагогот на училиштето изготвува неделен и месечен план за одржување на советувањето.
(8) Со учениците чии родители, односно старатели се упатени на советување заради постапувања на ученикот од членот 76 од овој закон, психологот, односно педагогот реализира советување на ученикот, по завршување на советувањето на родители, односно старатели, согласно Програма за советување на ученици и родители, односно старатели, која на предлог на Педагошката служба, ја утврдува министерот.

Советувањето по правило, го врши психологот и/или педагогот во училиштето.

Родителите бараат училиштето, Центарот за социјална работа и МВР да реаираат и да преземат соодветни мерки за случајот. Истите бараат ученикот да биде преместен во друго училиште или да се преземат други законски мерки, како нивните деца би престанале да трпат секојдневно насилство во училиштето.

Засега не успеавме да стапиме во контакт со директорката на училиштето, за да побараме и нејзин став за ситуацијата. Доколку редакцијата оствари контакт со директорката, текстот соодветно ќе биде дополнет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Насилен ученик малтретира ученици во основно училиште…

Насилен ученик со години малтретира соученици во…

Жителите на Чашка револтирани: Министерката нѐ убедуваше…

Јаневска продолжува по стапките на Јетон Шаќири,…

Херој на денот Пеце Јанкуловски: Работник од…

Од херои кои не ги знаеме денеска…

Левица: Тони Коњановски учесник во најголемиот урбанистички…

На 43-тата Седница на Советот на Општина…

Битолчанец се заканувал со пиштол кон поранешна…

Од Министерството за внатрешни работи попладнево соопштија…