Насилници од Скопје уапсени откако нападнале татко со две деца
Шестмина насилници од Скопје се уапсени затоа што во селото Трубарево нападнале татко и неговите двајца малолетни синови, а потоа биле и агресивни кон полицајците кои дошле да интервенираат, соопшти МВР.
„На 11.08.2025 во 20:35 часот во с.Трубарево, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Џ.Ј.(32), А.Р.(39), А.Р.(36), Ш.Р.(39), Р.С.(35), Е.И.(27) и еден малолетник, сите од Скопје, затоа што А.Р.(39), А.Р.(36) и Џ.Ј. физички ги нападнале Д.Т.(47) и неговите две малолетни деца, при што употребиле тврди предмети, а потоа заедно со останатите лица агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, велат од полицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Насилници од Скопје уапсени откако нападнале татко…
Шестмина насилници од Скопје се уапсени затоа…
Кривична пријава за скопјанец кој продавал билети…
Денеска (05.08.2025) Секторот за компјутерски криминал при…
AI Tech Summit 2025: Скопје повторно ќе…
Од 30. септември до 1. октомври, Скопје…
Обвинение за моторџијата без дозвола кој уби…
Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека поднело…
Се заваруваат сите шахти на трасата каде…
Сите шахти на трасата каде поминува Премиерот…