НАТО го седна Вучиќ на маса: Србија е воено неутрална, продолжуваме со коректна соработка со Алијансата

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во зградата на Генералниот секретаријат на Претседателот на Републиката се сретна со претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмиралот Роб Бауер.

„Добар разговор со адмиралот Роб Бауер, претседател на Воениот комитет на НАТО. Мирот и деескалацијата на тензиите се клучни задачи за сите нас. Србија е воено неутрална, но ќе ја продолжи коректната соработка со НАТО“, напиша Вучиќ на социјалните мрежи.

Вучиќ посочил дека е многу важно да има редовен дијалог меѓу претставниците на Србија и претставниците на политичките и воените структури на алијансата, што придонесува за зајакнување на меѓусебната доверба, соопштија од прес-службата на претседателот на Републиката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…

За време на официјалните разговори во Каиро,…

Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…

Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

ЛДП го поддржува предлогот од 5% од…

„Во пресрет на претстојниот самит на НАТО,…

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…