Нафтата се доставува во базните станици на ЈСП, се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

t

Нафтата од државните резерви е на пат кон базните станици на Јавното сообраќајно претпријатие и се очекува утре изутрина да има нормализиран автобускиот превоз во Скопје, најави пред вонредната седница на Советот на Градот Скопје советникот од ВМРО-ДПМНЕ Мартин Стојановски.

Според нашите информации, моментално се доставува нафтата до базите во Автокоманда и Ѓорче Петров, рече Стојановски. Ако вечерва нафтата стигне, а според нашите информации веќе се доставува, значи од утре треба да има нормален автобуски превоз. 

Советничката од СДСМ во Градот Скопје Љубица Јанчева изјави дека очекува на седницата да биде изграден консензус и да бидат донесени заеднички заклучоци по актуелната состојба во град Скопје.

Дел од предлозите коишто не се содржани во барањето ние денеска на прес-конференција и ги обзнанивме. Тоа се три предлози. Ќе бараме Советот едногласно да донесе заклучок со којшто бараме од државните резерви за нафта да биде одобрено субвенционирање од Владата на РСМ кои ќе бидат доделени на град Скопје за да се надмине хаотичната состојба во ЈСП Скопје и тоа не е првпат. Ќе бараме да донесеме консензуален заклучок за измени на Законот за финансирање на ЕЛС, единките коишто ги основаа тие. Значи и тоа не е ништо ново, рече Јанчева.

Третиот предлог е пратениците во Собранието да иницираат надзорна расправа за состојбите во град Скопје.

Иако е локална самоуправа Собранието е законодавен дом, постои Закон за град Скопје па оттука и надлежностите на Собранието за се што е во врска со јавниот интерес да се одржува надзорна расправа, рече Јанчева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албански државјанин „оперирал“ во автобуси на ЈСП…

Полицијата вчера го приведе Ц.Ш. (47) од…

Функционер на ВМРО-ДПМНЕ во први редови на…

Претседател на општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ од…

Нафтата се доставува во базните станици на…

Нафтата од државните резерви е на пат…

Арсовска: Благодарност за постигнатиот договор за ЈСП

Советот на Градот Скопје одржува вонредна седница…

Арсовска: Намерно се креира криза со поништување…

Скопската градоначалничка Данела Арсовска во интервју за…