Нацев: Со месеци сум цел на јавен линч од кавзи-експерти и безбедносни аналфабети, не сум сопственик на „Рубикон“

t

Со воведни зборови на одбраната на Александар Нацев, денеска во судницата во Идризово продолжи судењето за трагедијата во Пулс.

Бранителот на обвинетиот Нацев во воведните зборови наведе:

– Ќе докажеме дека обвинетиот Нацев не бил ниту одговорен, ниту реален сопственик на „Рубикон“. Со обвинителниот акт на Нацев му се ставаше на товар дека од септември 2023 година до 16.03.2025 година, дејствувал како реален сопственик на Рубикон и раководел со целокупниот потфат и работење на агенцијата, заедно со Јане Јанчески, сопственик на правното лице.

И со површинска анализа ќе забележите дека првото обвинение наведува дека мојот клиент постапувал како реален сопственик од 2022 година, за подоцна оваа временска рамка да ја стесни од втората половина на 2024 година.

Застапникот на обвинението не може да докаже апсолутно никаква правна поврзаност на Нацев со Рубикон, освен во 2024 година кога Нацев бил вработен во правното лице. Обвинението е конструкт каков што ним им одговара.

Тврдиме дека Нацев ниту во еден момент не делувал како реален сопственик на Рубикон и не можел да го прекрши Законот за приватно обезбедување. Припадниците на обезбедувањето, ноќта на трагичниот настан не биле задолжени да вршат контрола кој влегува, безбедносна опрема, сигурносни услови на објектот, проверка на исправност на влезови и излези ниту пак да достави план за евакуација.

Согласно чл.39 од Законот за приватно обезбедување, доколку правното лице ангажира повеќе од петмина обезбедувачи, истото е должно да обезбеди план, сепак, за да се примени оваа одредба мора истата да се стави во корелација со бројот на вработени и ангажирани лица, вкупно 3, значи ангажирани се тројца обезбедувачи, па немало обврска да се достави план. Дискутабилно е дали настапот на ДНК бил јавен настан, такви настани имало без исклучок секој викенд, ова претставува вообичаено собирање.

За одбраната е нејасно кои правни прописи се прекршени од Александар Нацев, како што вели обвинението, „реален сопственик“.

Рубикон во конркетниот случај е оператор на услуги, доколку било побарано патролно обезбедување, би биле пружени истите. Доколку застапникот на обвинението го прифател овој факт, денес за сите припадници на обезбедување, обвинение воопшто немало ни да има.

Не се докажува постоење на било каков однос, комуникација или слично, меѓу Нацев и вработените припадници на обезбедување во врска со физичко обезбедување на дискотеката.

Одбраната ќе говори за факти, не за претпоставки, нема да конструираме каузалитет онаму кадешто го нема. Одбраната по пат на телеолошко толкување ќе ја деконструира законската поставеност за постапувањето на агенциите за приватно обезбедување.

Од исказитее на предложените сведоци ќе се докаже дека вработените во Рубикон постапувале ризикувајќи го својот живот и како пожарникари и како припадници на ИМП, како полициски службеници. За тоа говори бројот на спасени животи.

Одбраната ќе докаже дека ниту еден од доказите приложен со листа на докази не може да утврди каузалитет, за постапувањето или непостапувањето на Александар Нацев низ призма на целокупното деловно работење на Рубикон.

На обвинетиот му се ставаат на товар дела извршени као да е сопственик и одговорно, а не вработено лице во Рубикон, како да има договор за физичко обезбедување, тезата на ОЈО го убедува судот дека и покрај вршењето на физичко обезбедување, обвинетиот не поднел план за обезбедување.

На крајот на ова судење доказите ќе докажат дека Нацев бил вработен, а не реален сопственик на Рубикон, обезбедувањето немало договорна надлежност ниту вршело фиизчко обезбедување. Обвинетиот Нацев со ниедно свое дејствие или пропуштање не го предизвикал пожарот. Нацев не можем да се товари за дејствија кои законски или договорно не бил обврзан да ги преземе, наведе бранителот и додаде дека во ниту еден од случаите во странство на кои се повикува ОЈО не се обвинети припадници на обезбедување или сопственици на Агенции за обезбедување.

Обвинетиот Нацев наведе:

– „Девет месеци молчев и бев жртва на медиумски и јавен линч, спроведен преку различни кавзи експерти и безбедносни аналфабети. Со неверување гледав како одново и одново е рушена пресумпцијата на мојата невиност, додека целиот тој период бев таргет и на разни неосновани и политизирани клевети и навреди. Денес сите овде сме исправени пред брутално силување на Законот за приватно обезбедување, со цел, одредени негови одредби да послужат како поткрепа на теоријата на случај која ја презентира подносителот на обвинението. Пренасочувањето на одговорноста која ја имаат државните органи задолжени за превенција, надзор и контрола кон припадниците на обезбедувањето е само уште еден чекор за префрлање на вината и малициозно толкување на одредбите од Законот за приватно обезбедување, Законот за полиција и Законот за управување со експлозивни материи.

Морам да констатирам дека дури еден Џорџ Орвел би можел да позавиди на ваквата конструкција. Токму затоа, во текот на ова судење ќе ги неутрализираме ваквите конструкции, преку непобитни докази и околности кои јавно ќе укажат на отсуството на било каква вина кај мене или било каква таканаречена каузална поврзаност со трагичниот настан за време на чие случување јас воопшто не бев ни присутен во државата. “

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нацев: Со месеци сум цел на јавен…

Со воведни зборови на одбраната на Александар…

ОЈО за Инфомакс: Нема да има потреба…

Нема да има никаква потреба од нова…

В сабота „Марш на ангелите“ во Кочани:…

Во сабота во Кочани, ќе се одржи…

Апасиев: Очекувам едногласно усвојување на заклучоците за…

Пратеникот и претседател на Постојаната анкетна комисија…

Измами низ Кочани: Земаат пари „за да…

Во изминатиотпериод во ОВР Кочани граѓаните пријавија…