В сабота „Марш на ангелите“ во Кочани: „Дојди за оние што повеќе не можат да прозборат“
Во сабота во Кочани, ќе се одржи 35-от „Марш на ангелите“ во Паркот на Револуцијата од 14:05 часот, организран од „Здружението на граѓани 16 ти Март 2025“ и родителите на починатите деца во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Со емотивна порака, родителите и грѓаните повикаа на масовно присуство на маршот.
„На следниот марш – немој да гледаш од страна. Стани. Дојди. Биди бројка што се брои. Не одиш за политичари. Не одиш за медиуми. Одиш за тие што ги нема. Одиш за сите повредени кои преживеаја, но во себе го носат товарот што никогаш нема да избледи. Одиш за безбедна иднина на сите деца, за секое утре да биде посигурно од денес.
Те повикуваме да ни се приклучиш на следниот „Марш на ангелите“ – мирен, достоинствен и јасен. Дојди со срце, со присуство, со поддршка. Не затоа што мораш – туку затоа што е исправно.
Дојди да покажеме дека јавноста гледа. Дојди да покажеме дека правдата не може да се игнорира. Дојди за оние што повеќе не можат да прозборат. Дојди за оние што преживеаја – и заслужуваат вистина и почит. Дојди за иднината во која секое дете е безбедно. Еден чекор од тебе е голем чекор за сите нас.
Време е улиците да зборуваат за она што институциите го премолчуваат. „Маршот не е за нас – туку за сите нас.“ „Секој граѓанин е потребен.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„50 пати на улица и во судница,…
Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…
Адвокатот Туфегџиќ со предлог како побрзо да…
Судењето за трагедијата во Кочани ќе биде…
Шкотските навивачи со донација за децата фудбалери…
Фудбалскиот клуб „Фудбал Старс“ од Кочани доби…
Можете да ја одложувате правдата, но не…
Родителите на загинатите млади во пожарот во…
ХОРОР ВО КОЧАНИ: Малолетници малтретирале прваче, го…
МВР информира дека вчера попладне во 12:45…