Началникот кој без налог сакаше да ја лиши од слобода директорката во Демир Хисар – близок со министрите на власта

t

Началникот на ОВР Демир Хисар – РОБЕРТ МАРТИНОСКИ треба кривично да одговара! , пишува во објавата на Фјесбук пратеничката Јована Мојсоска

Законот за кривична постапка е јасен кога може да се лиши лице од слобода. Без налог од суд, лицето може да се лиши само во следниве случаи:

1. Доколку лицето е затечено како врши кривично дело за кое се гони по службена должност и постои опасност за бегство;

2. Ако постојат основи на сомневање дека лицето извршило кривично дело за кое се гони по службена должност само ако постои опасност од одлагање или ако постои некоја од причините за притвор од членот 165 од Законот за кривична постапка.

ФАКТ е дека началникот Роберт немал налог од суд за лишување од слобода. ФАКТ е дека не биле исполнети условите за лишување од слобода без налог од суд.

Панче Тошковски не го забошатувајте случајот со внатрешна контрола, туку поднесете му КРИВИЧНА ПРИЈАВА за злоупотреба на службена положба на вашиот партиски пулен кој милува да се дружи со вашите министри! , стои во Фејсбук објавата на пратеничката од Левица, Јована Мојсоска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Началникот кој без налог сакаше да ја…

Началникот на ОВР Демир Хисар - РОБЕРТ…

Дојранско езеро умира, Меџити во кампања, а…

ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО УМИРА, МЕЏИТИ ВО КАМПАЊА, А…

Левица: Сериозни финансиски злоупотреби, доживотни дисквалификации, но…

СЕРИОЗНИ ФИНАНСИСКИ ЗЛОУПОТРЕБИ, ДОЖИВОТНИ ДИСКВАЛИФИКАЦИИ, НО ВЛАДАТА…

Левица: Инспекторката Зашовска наградена со унапредување поради…

ИНСПЕКТОРКАТА ЗАШОВСКА НАГРАДЕНА СО УНАПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ЗАШТИТАТА…

Левица: Државата остана без народен правобранител за…

ДРЖАВАТА ОСТАНА БЕЗ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ВРЕДИ…