Нашата земја стана хуманитарна: Пристигнуваат „ер трактори“ и хеликоптери од Турција, Словенија, Србија и Црна Гора
Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) се одржа седница на Управувачкиот комитет за координација на системот за управување со кризи, со која претседаваше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, а присуствуваа и министрите за одбрана Владо Мисајловски и за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, како и раководителот на Групата за процена на ризици и опасности Стојанче Ангелов.
На седницата беше утврдена потребата да се активираат меѓународните механизми за обезбедување на помош во воздухоплови, кои ќе се вклучат во гаснењето на пожарите кои деновиве ја зафатија државата. Денеска претпладне од Турција пристигнаа два „ер трактори“ и еден хеликоптер, кои веќе активно работат на терен. Во текот на утрешниот ден ќе пристигнат два хеликоптери од Словенија и по еден хеликоптер од Србија и од Црна Гора“, потенцираше министерот Тошковски.
Министрите изразија благодарност до пријателските земји кои ни помагаат во справувањето со огнената стихија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Тепачка во Советот на Општина Кочани!
Советници во Советот на Општина Кочани денеска…
Бугарски Фактор: Шефот на Агенцијата за национална…
Директорот на Агенцијата за национална безбедност (НСА)…
Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…
За време на официјалните разговори во Каиро,…
Русија: САД да не се мешаат во…
Русија ги предупредува САД да не се…
На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ се…
На граничниот премин Табановце за влез во…