Објавено на:

Најмалку две ве лица загинаа во руските напади во регионот Запорожје и во Одеса

t

Две лица загинаа во руските напади, а десет се повредени, меѓу кои и четири деца, во украинскиот регион Запорожје, изјави денес гувернерот на регионот, Иван Федоров

Руските сили извршија 567 напади врз 16 населени места во Запорошката област во текот на изминатите 24 часа и до утрово, рече Федоров.

Најмалку девет згради беа оштетени од експлозиите во раните утрински часови денес во градот Запорожје, изјави Федоров преку Телеграм. Градот Запорожје е административен центар на поширокиот регион.

„Службите за итни случаи сè уште работат на терен“, рече Федоров.

Во меѓувреме, руски напад со беспилотни летала ја оштети гасната инфраструктура и главниот гасовод во јужниот украински регион Одеса, предизвикувајќи пожар, изјави денес гувернерот на регионот, Олех Кипер.

„Како резултат на оштетувањето на главниот гасовод, 2.500 потрошувачи се привремено исклучени“, рече Кипер преку Телеграм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмалку две ве лица загинаа во руските…

Две лица загинаа во руските напади, а…

Горат познати белградски кафулиња и ресторани, гостите…

Во Савски Венец и Чукарица, бомби оштетија…

Русите го нападнаа Запорожје, има повредени

Руските сили извршија напади од повеќекратни ракетни…

Градоначалникот на Одеса: Едно лице загина во…

Руските сили рано утрово извршија масовен напад…

Меџити од Одеса: Силно ја осудуваме руската…

Вицепремиерот Изет Меџити денеска учествуваше на Самитот…