Најмалку еден загинат и 15 повредени од невремето во Франција
– Министерот за внатрешни работи на Франција, Жералд Дарманан денеска изјави дека една жена загина, а 15 се повредени во вчерашното невремето што ја зафати Франција.
Како што јави дописникот на МИА, првпат по 20 години, 65 департмани биле погодени од невреме, а пожарникарите имале 3.500 интервенции.
Поради 50.000 громови нарушен беше и железничкиот сообраќај во Франција, околу 15.000 домови останаа без електрична енергија, а во Париз поточно во Вансен беше откажан музичкиот фестивал Ви Лов, при што беа евакуирани околу 40 000 лица, исто како и 30.000 извидници на традиционалната смотра која се одржуваше во Шамбор.
Во парискиот регион беше затворен патниот сообраќај поради градот, уништени се повеќе земјоделски култури, а највпечатлива беше молњата што ја погоди Ајфеловата кула.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Франција го блокира пристапот до израелските штандови…
Франција го блокираше пристапот до штандовите на…
Францускиот МНР: Франција е решена да ја…
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро…
Пратеници од Левица остварија средба со францускиот…
ПРАТЕНИЦИ ОД ЛЕВИЦА ОСТВАРИЈА СРЕДБА СО ФРАНЦУСКИОТ…
Франција забранува пушење на сите јавни места…
Пушењето ќе биде забрането од 1 јули…
Франција со порака до премиерот: Мицкоски зема…
*Анализа на француското специјализирано списание „Le Courrier…