Објавено на:

Најмалку еден загинат и 15 повредени од невремето во Франција

t

– Министерот за внатрешни работи на Франција, Жералд Дарманан денеска изјави дека една жена загина, а 15 се повредени во вчерашното  невремето што ја зафати Франција.

Како што јави дописникот на МИА, првпат по 20 години, 65 департмани биле погодени од невреме, а пожарникарите имале 3.500 интервенции.

Поради 50.000 громови нарушен беше и железничкиот сообраќај во Франција, околу 15.000 домови останаа без електрична енергија, а во Париз поточно во Вансен беше откажан музичкиот фестивал Ви Лов, при што беа евакуирани околу 40 000 лица, исто како и 30.000 извидници на традиционалната смотра која се одржуваше во Шамбор.

Во парискиот регион беше затворен патниот сообраќај поради градот, уништени се повеќе земјоделски култури, а највпечатлива беше молњата што ја погоди Ајфеловата кула.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Марин Ле Пен профитира од хаосот на…

Откако избувнаа немири во градовите низ Франција…

Франција денес очекува 140.000 демонстранти

Меѓу 70.000 и 140.000 луѓе се очекуваат…

Експлодираа протестите во Франција: Повредени 40 директори…

Повеќе стотици средни училишта низ Франција и…

(Видео) Хаос на протестите на француските гимназијалци:…

Протестите на гимназијалците во Франција, кои започнаа…

Францускиот премиер свика кризен состанок откако училишните…

Францускиот премиер Себастијан Лекорни денеска свика кризен…