Најмалку 18 лица повредени во удар на гром во Чешкa
Во удар на гром во градот Либерец на северот на Чешка, повредени се 18 лица, меѓу кои и деца, а седум се пренесени во болниците во тешка состојба, соопшти Службата за итни случаи.
Гром удри во дрво во парк во Либерец под кое посетителите на прославата на Денот на детето се засолниле од невремето.
Силно невреме со врнежи и мал град од пладне поминува над Чешка, а предупредувањето на метеоролозите важи до понеделник.
Од удар на гром се онесвестиле 13 лица – пет деца на возраст од три до 16 години и осум возрасни.
Петмина биле реанимирани, изјави директорот на болницата во Либерец, Томаш Рубичек за чешката новинска агенција ЦТК. Тој додаде дека повеќето од вкупно 18 повредени се со полесни повреди, и ниту еден нема сериозни изгореници.
– Претежно имаат срцева аритмија и мали изгореници. Не е позната состојбата на детето кое со хеликоптер беше пренесено во Прага, изјави портпаролот на болницата Вацлав Жичаж
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Монструм од Чешка држел окована жена 3…
Возачот на камион Карел Н., попознат како…
ГРОМ е изненадена од леснотијата со која…
Граѓанската опција за Македонија ГРОМ е изненадена…
Шест лица загинаа во експлозија во ресторан…
Шест лица загинаа во експлозија на плинска…
Шеесет чешки државјани добиле дозвола од државата…
Прес-секретарот на претседателот на Чешка објави дека…
(Видео) Храбрите пилоти на МВР спасија туристка…
Благодарение на храбрите доброволни спасители од Охрид…