НАЈНОВО – Српски “Курир”: СПЦ ќе ја признае Охридската Архиепископија – Нема употреба на терминот “Македонска”

t

Соборот на СПЦ треба официјално да ја потврди одлуката на вселенскиот патријарх Вартоломеј за признавање на автономната Охридска архиепископија наместо досега непризнаenata т.н. Македонската православна црква (МПЦ). Така, конечно, 55 години по расколот, треба да се случи помирувањето со црквата во Северна Македонија, објави пред малку српски „Курир“ повикувајќи се на неофицијачни извори од СПЦ.

– Српската црква ќе го признае единството со сегашните расколници во Северна Македонија во рамките на Охридската архиепископија. Сакаше да го направи тоа сама, но намерно беше спречена од вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој сакаше да испадне дека оваа одлука за канонско признавање на свештенството на поранешната расколничка црква во Северна Македонија е донесена исклучиво благодарение на него. И точно е дека хиерархијата на СПЦ, на чело со патријархот Порфириј, била подготвена да договори црковна заедница со расколниците, за што директно и индиректно се зборувало во неколку наврати во претходниот период, па дури и на почетокот на мај, кога во Ниш се сретнаа патријархот Порфириј и архиепископот Стефан, придружувани од архиереите на двете цркви – вели за српски Курир извор од СПЦ и додава:

– Признавањето од СПЦ ќе значи и дека ќе има сериозни кадровски промени во рамките на Православната Охридска Архиепископија (ПАО). ПАО беше автономна архиепископија во Северна Македонија, признаена од вселенскиот патријарх Вартоломеј и сите помесни цркви, а на литургијата требаше да го споменат само српскиот патријарх, како и сите други архиепископи и патријарси во православниот свет. Сега ПАО практично ќе ја преземе сегашната расколничка хиерархија во Северна Македонија на чело со претходниот расколнички архиепископ Стефан и ќе се вика Охридска архиепископија. А поранешниот архиепископ на ПАО, Јован (Вранишковски), меѓу другото ќе се пензионира и поради тешката здравствена состојба, за што придонесе долгогодишниот прогон од страна на македонските власти, вклучително и повеќегодишните затворски казни, пишува српски „Курир“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Владиката Петар низ солзи и на…

Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски…

На денешен ден во 1986 година загина…

На денешен ден, 15 јуни, во 1986…

Струмичкиот митрополит Наум: Вселенската патријаршија не бара…

Струмичкиот митрополит Наум, во интервју за порталот…

Владиката Петар: Се виде дека барањата на…

И за владиката Петар се неприфатливи трите…

И СПЦ во градежништво, гради и продава…

Српската православна црква е инвеститор во станбено-деловен…