Најскапиот стан во „Белград на вода“ чини повеќе од милион евра

t

„Белград на вода“ сигурно е една од најскапите локации за живеење во Србија и интересно е да се види како всушност изгледа внатрешноста на тие станови. Во се, посебно се издвојува една недвижност која чини повеќе од еден милион евра, пишува српскиот портал „Задоволна“.

Видео од овој луксузен стан се врти на социјалната мрежа Х и ги покажува неверојатно скапите детали.

Имено, станот, по завршувањето на изградбата, бил целосно „излупен“ за да може да се вградат работи со највисоки квалитети. Секој детал во него е нешто посебно.

Бањата е целата во мермер, има скапи санитарни производи, но најголем хит е четката за ВЦ школката – нејзината цена е вртоглави 700 евра.

Во станот, наводно, биле сменети секој кабел и осигурувач, а вграден е и најмодерниот „смарт хоум“ систем.

Радијаторите се, велат, посебна приказна – тие делуваат како ѕидна декорација и чинат 3.000 евра по парче.

Подот на станот е покриен со најквалитетен италијански паркет од орев чија цена е 260 евра за квадрат.

Има и прекрасно дизајнирана кујна од црн мермер, како и подно греење насекаде, во сите простории, дури и на терасите, од каде се пружа извонреден поглед на реката Сава.

Зградата во која се наоѓа станот има базен и теретана.

ЛИНК од виедеото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дачиќ: Убиството очигледно било нарачано, сторителите платиле…

Српскиот министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ…

Брутално убиено момче во Белград, убиецот има…

Белградската полиција синоќа ги уапси Н. Б.…

Москва со суптилно предупредување: Веруваме дека Белград…

Ја забележавме изјавата на српскиот претседател Александар…

Белград доби нов трамвај, ќе пристигнат уште…

Првиот од 25 нови трамвај од турскиот…

(ВИДЕО)Силно невреме го зафати Белград, поплавени улици…

Ветер, град и обилни дождови во Белград.…