Најчевска: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионеритe

Професорката Мирјана Најчевска на Фејсбук пишува дека партиите се наддаваат кој повеќе ќе ги зголеми пензиите на пензионерите.
Вели дека тоа се случува пред сите избори и дека проблемот е посложен од лицитирање со бројки.
„И со тоа се исцрпува нивното разбирање за достоинствен живот на повозрасните граѓани. Проблемот е многу посложен и бара многу поголемо разбирање и посветеност од едноставно лицитирање со бројки. Не е етничката туку дискриминацијата врз основа на возраст е најраширена и најмалку перципирана дискриминација.
1. Населението старее. Не само заради тоа што се раѓаат помалку деца, туку заради тоа што се живее подолго. Заради тоа треба да се менуваат проекциите на економијата, здравството, социјалата, …
2. Стареењето не е само опаѓање, пасивност и ранливост
Стареењето може да биде здраво, исполнето, продуктивно
3. Постарите луѓе се искусни, и имаат потенцијал да бидат активен чинител во општетсвото и да придонесуваат во општеството
4. Ова прашање на еднаквост, и треба да зборуваме за надминување на специфичните пречки/бариери со кои судираат старите а не само за поголеми или помали пензии.
5. Треба да зборуваме за:
• Достапност на сите институции, информации, потреби, места за живеење и снабдување
• Можност за работа
• Минимална гарантирана пензија/приход поврзан со возраста (солидарност која ќе го адресира проблемот на невработеност за време на работниот век, земјоделци, самовработени, кои се грижеле за семејството)
• Долготрајна грижа и поддршка
• Останувањето дома во старост
• Градови и заедници кои се погодни за возрасни и подигање на дигиталната писменост на постарите луѓе“, пишува Најчевска.
Пензионерите сочинуваат големо гласачко тело во земјава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе се ограничат маржите на 10 отсто…
Владата го задолжи Министерството за економија да…
Просечната нето плата во ноември 41.999 денари
Просечната исплатена нето плата во ноември изнесувала…
Во декември годишен раст од 12,4 отсто…
Вкупните депозити на годишно ниво во декември…
Од полноќ повисоки цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со…
Курсна листа: Колку чини еврото денес?
Според курсната листа на НБРМ средниот курс…