Најчевска со остра критика: Бараат апанажа, а ниту еднаш во годината не дискутирале во Собраниe

Професорката Мирјана Најчевска преку фејсбук став го покрена прашањето за тоа колку демократска држава е Македонија, но и колку пратениците, како претставници на народот, се активни во Собранието.
– Има една интересна интернет страна. На неа може да се види активноста на секој од пратениците во Собранието. Колку бил присутен пратеникот на седниците, колку пати дискутирал на пленарна седница или на работно тело. Со други зборови дали го правел она за што е избран и платен од граѓаните. Може да се види дека голем број пратеници ниту доаѓаат на седници, ниту пак дискутираат. Едноставно примаат плата за притискање на копче (што исто па и многу подобро може да го направи и дресиран мајмун), вели професорката на почетокот на својата објава.
вели дека дел од патениците кои побараа апанажа воопшто не биле активни.
– Ги погледнав пратениците кои во моментов бараат апанажа и меѓу нив има многумина кои во рок од една година ниту еднаш (читај НИТУ ЕДНАШ) не дискутирале ниту на пленарна седница, ниту на работните тела. На пример: Абдула Салиу, Мирослав Јовановиќ, Ремзи Мехмеди, Лазе Таневски, Исмаил Јахоски, Мухамед Кадриов, Емилија Рамбабова, констатира Најчевска.
Се осврна и на пратениците од албанската етничка заедница во земјава.
– И има нешто интересно во врска со пратениците од албанската етничка заедница. И покрај големата желба да бидат дел од Собранието, да се зборува на албански јазик во Собранието и да се применуваат правилата на Бадентер, тие не го користат Собранието како место за расправа и презентирање на ставовите на албанската етничка заедница. Еве на пример во рок од една година Изет Меџити, Африм Гаши, Мендух Тачи, Али Ахмети, Зијадин Села, ниту еднаш (читај НИТУ ЕДНАШ) не дискутирале ниту на пленарна седница ниту на работно тело. Толку од демократијата и највисокото тело во една демократска држава, констатира професорката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Кој е следен?“ на 29 март пред…
Граѓанското движење „Кој е следен?“, в сабота…
Собранието цела недела на ормор, ти народе…
Собранието цела недела на ормор, ти народе…
Општа тепачка меѓу припадници на приватно обезбедување…
Се одржува седница на Собранието на град…
10 МИЛИОНИ за авиобилети ќе троши Собранието…
Собранието ќе потроши 10 милиони денари за…
(Цел список на трошаџиите) А да го…
Вкупно 18 милиони 671 илјада 591 денар…