„На здравје бричење“ – Уставните измени може да почнат во декември, вели Мицкоски
Да му дадеме време на времето. Ова е молбата која денеска ја упати премиерот Христијан Мицкоски запрашан дали постои простор Европската унија да го прифати предлогот за уставни измени со одложено дејство, повторувајќи го ставот дека само такво можно решение е прифатливо за него.
Друг тип на уставни измени додека сум јас премиер нема да има. Ултиматуми и диктати нема да прифаќаме. Доколку мислат дека треба на тој начин да промовираме европски вредности – простете, но тогаш јас не сум добар соговорник, изјави Мицкоски.
Мицкоски по изјавата на коалицискиот партнер, Арбен Травари, кој во Вин Вин на Телма изјави дека мисли оти во декември ќе почне процедурата запромена на Уставот, денеска рече дека може да почне, но само за уставни измени со одложено дејство.
За да почне процесот на уставните измени потребно е тоа коешто е ние го предлагаме да биде прифатено. И ние можеме да го почнеме по тој принцип, а тоа е кога бугарскиот парламент ќе го ратификува пристапниот договор на нашата земја во рамките на ЕУ да важат тие уставни измени, што мислам дека е фер решение за сите, рече Мицкоски.
За дел од експертите можноста Европската унија да отстапи по прашањето на стапувањето на сила на уставните измени, зависи од тоа како Македонија ќе се договори со Бугарија, односно дали владата која ќе биде формирана во Софија по утрешните избори таму, ќе покаже поголемо разбирање за потребата на интеграција на регинот во ЕУ.
Доколку и овие избори во Бугарија не резултираат со формирање на влада, универзитетскиот професор, Александар Спасеновски, во Топ Тема изјави дека во тој случај треба да се размислува за креативни решенија.
Треба да се размислува за определни креативни решенија и можеби во извесна мера вербални гаранции коишто, во недостаток на таква можност да дојде од страна на официјална Софија, би дошле од страна на институциите на ЕУ или на некој други важни државни-членки на Европската унија. Европската унија на, крајот од краиштата, е позната по изнаоѓање на креативни решенија за да овозможи нештата да се движат напред, изјави Спасеновски во Топ Тема.
За изборите во Бугарија и за тоа кој би бил посакуван победник, а потоа и соговорник на македонската влада, премиерот Мицкоски денеска ја посочи ГЕРБ, партијата на Бојко Борисов, со објаснување дека двете парти, ВМРО-ДПМНЕ и ГЕРБ се дел од семејството на Европските народни партии и оти е нормално да посака таа да победи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цените на нафтата паднаа за 5 отсто…
Цените на нафтата паднаа за повеќе од…
Вториот блок на РЕК Битола вклучен во…
Вториот блок на РЕК Битола, попладнево од…
САД: Не се регистрирани напади на други…
Не е регистриран ирански напад во ниту…
МПЦ-ОА со сочувство за бомбашкиот напад на…
Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан упати…
Техеран: Русија и Кина зборуваат, но не…
Додека Блискиот Исток повторно се доближува до…