На Кардиологија ѝ вградиле стент ама додека лежела на интензивна нега ѝ ја украле бурмата

t

Четириесет и осумгодишна скопјанка вчера излегла од Клиниката за кардиологија во Скопје со вграден стент ама и „олеснета“ од бурмата и друг прстен кој го носела на раката додека ѝ била вршена медицинската интервенција, дознава „Слободен печат“ од свои извори. Според наши информации, пациентката тврдела дека во полубесознание почувствувала како некој во болницата ѝ ги извлекува прстените од рацете.

Од Министерството за внатрешни работи за „Слободен печат“ потврдуваат дека имаат пријава за настан кој се случил вчера.

На 19.04.2023 во 12 часот и 45 минути во СВР Скопје А.О (48) од Скопје пријавила дека ѝ бил одземен накит во една од клиниките во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде претходно ѝ била извршена операција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва укажа…

Украина дозволи двојно државјанство за справување со…

Парламентот на Украина денес усвои нов закон…

Евакуирани дел од американските дипломати во Израел

Двајца американски претставници велат дека владин авион…

Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати…

Утре ќе има боево гаѓање кај делчевското…

Поради боево гаѓање со огнено оружје, утре…