Објавено на:

На Мариупол му се заканува колера, тврди украински функционер

t

Русите го ставаат Мариупол во карантин поради можна појава на колера, изјави советникот на градоначалникот за украинската телевизија United News TV.

– Гледаме како градот се затвора, рече Петро Андриушченко, додавајќи дека „за колера се зборува внатре во градот, меѓу окупаторите и нивните сојузници“.

Би-би-си нагласува дека не може да ги потврди неговите зборови.

Локалните и светските медиуми со недели пишуваа дека во градот може да се случи хуманитарна катастрофа поради недостиг на храна и вода за пиење. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин да се фокусира на мирот во…

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…

Министрите за надворешни работи на Украина и…

Црна Гора испраќа војници во Украина!

Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…

Меџити од Одеса: Силно ја осудуваме руската…

Вицепремиерот Изет Меџити денеска учествуваше на Самитот…