На Мицкоски подраги му беа куршумите и камењата од Алијанса: Разочаран сум од Таравари кој го релативизираше пукањето – Јакимовски распали
Градоначалникот на Општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, на социјалните мрежи објави негов став во врска со вчерашното пукање кај ТЦ Мавровка за време на протестите против францускиот предлог.
“Грозно!
Да демонстрираме ние Македонците за внатрешните односи со Албанците и да не гаѓаат со флаши, камења и да пукаат со пиштоли, ај и некако да разберам.
Во услови кога ние Македонците сме нападнати од надвор и протестираме, а пукаат на нас нашите браќа Албанци и тоа коалициони партнери од Алијанса.
Од чудно, почудно!
Разочаран сум од Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, д-р Арбен Таравари, го релативизира пукањето и наоѓа оправдување.
Една од причините за кое што ја напуштивме коалицијата со ВМРО ДПМНЕ е токму Алијанса на кој Христијан Мицкоски како новопечени коалициони партнери со еден советник во Градот Скопје им даде 38 Управни одбори и ги почасти со директор на Комунална хигиена.
Сега тие истите маваат по нас со шишиња, камења и пукаат со пиштоли, а ГРОМ е на протестите.
Така Христијан обединува!
Можеби подраги му се куршумите и камењата од Алијанса од колку 9 годишната бескомпромисна борба против власта на мене и ГРОМ!”, напиша Јакимовски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…
На премиерот му е јасно дека Таравари…
Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам…
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен…
Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…
Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…
ЦК на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски очекуваат…
Владата е стабилна силна и успешна –…
Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…